fbpx

Блупринт групата достави решенија за Предлог-законот за јавно обвинителство

-

Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, денеска до министерката за правда достави документ со предлог измени на членовите 32, 34 и 105 од Предлог-Законот за Јавното обвинителство.

Како што информираат од групата, на состанок со министерката Рената Дескоска минатата седмица било договорено нивните предлози и коментари за законот, бидејќи за Министерството за правда биле прифатливи, да бидат формулирани и доставени, а тоа денеска и се случи.

„Предложените измени и коментари на членовите 32, 34 и 105, кои се однесуваат пред сè на надлежностите на Специјалното јавно обвинителство и Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани со организиран криминал и корупција, нивно јасно разграничување, временските ограничувања, истражните и пред-истражните постапки со цел сузбивање на можностите за висок криминал итн. ќе обезбедат многу повисоко ниво на почитување на фундаменталните права и принципот на владеење на правото. На долг рок тоа ќе доведе до враќање на довербата во судството и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани приближувајќи ја земјата кон членство во ЕУ“, велат од Блупринт групата за реформи во правосудството, како неформална мрежа на истакнати граѓански организации, кои со години наназад се залагаат за почитување на принципот на владеење на правото.

Станува збор за Коалицијата „Сите за правично судење”, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Институтот за човекови права, Институтот за европска политика, Македонското здружение на млади правници, Центарот за правни истражувања и анализи и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...