петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: хелсиншки комитет | 76 резултати

Апелација потврди: Владата и ДИК ги дискриминирале лицата со попреченост

20 декември 2023

Апелацискиот суд Скопје потврди дека Владата и ДИК направиле прекршување на правата на лицата со попреченост, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. Апелациониот суд Скопје со пресудата од 30.10.2023 година во целост ја потврдил пресудата на Основниот граѓански суд Скопје од 31.03.2023 година. Тоа фактички значи дека Владата и Државната изборна комисија (ДИК) сториле директна […]

Уставниот суд оформи предмет за законските измени поврзани со коридорите и „Бехтел и Енка“

3 август 2023

Уставниот суд на денешната седница формираше предмет врз основа на иницијативата на Хелсиншкиот комитет, кој пред еден месец побара да се оцени уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на […]

Објавена публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“

16 септември 2022

Објавена е публикацијата „Стандарди на Советот на Европа за заштита и спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“ од авторките д-р Елена Михајлова-Стратилати и Вики Младенова. Публикацијата, како што истакнаа од хелсиншкиот комитет за човекви права е своевиден обид да се консолидираат постоечките релевантни акти на институциите на Советот на Европа […]

ХКЧП: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

6 септември 2022

Вклучувањето на децата со попреченост во образовниот систем е процес кој се запоставува, нанесувајќи огромна штета на децата и нивните родители. Иако средното образование е задолжително, и оваа учебна година започнува без образовни асистенти во средните училишта, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП). За проблемот со необезбедување на образовните асистенти за средношколци „Мета“ пишуваше […]

Една година затвор за полицаец кој малтретирал физичко лице

27 јуни 2022

Основниот Кривичен суд, на 30 мај донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година, информираат во Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права. Како што соопштуваат, Основниот кривичен суд, по […]

Хелсиншки комитет бара Обвинителството да реагира на заканите со насилство

8 ноември 2021

Хелсиншки комитет за човекови права во врска со говорот на омраза предизвикан од последните политички случувања во државата, побара Јавното обвинителство да реагира на сите јавни повици на насилство. „Игнорирањето на говорот на омраза и неговите последици, отсуството на процесирање на ваквите случаи и речиси непостоечката судска пракса на ова поле, директно ја овозможува неговата […]

Хелсиншки комитет: Забраните за невакцинираните не се дискриминација ниту се противуставни

16 август 2021

Хелсиншкиот комитет за човекови права (ХКЧП) реагираше со загриженост на изјавите и пораките упатени на вчерашните протести против вакцинацијата и мерките за заштита од ширење на коронавирусот. Оттаму порачуваат дека одредени рестрикции за оние што ќе одбијат да се вакцинираат не може да се наречат дискриминација или кршење на уставните права оти во случајот станува […]

Анализа на Хелсиншки комитет: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

17 јуни 2021

Ковид-пандемијата само ги интензивираше и ги исфрли на површина проблемите со кои секојдневно се соочуваат лицата со попреченост, нивните родители и лицата што се грижат за нив, а дека државата сѐ уште заостанува во исполнување на обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, покажува новата анализа посветена на ефектите, кои пандемијата ги имаше […]

Хелсиншки комитет лани регистрирал 104 злосторства од омраза

1 јуни 2021

Хелсиншки комитет информира дека негативната „традиција“ бројот на пријавените злосторства од омраза вообичаено да надминува три цифри од кои злосторствата на етничка и политичка основа се особено бројни, продолжи и во текот на пандемиската 2020 година. Комитетот регистрирал вкупно 104 вакви инциденти. „Инцидентите беа регистрирани веднаш по нивното пријавување од страна на медиумите или Министерството […]

Хелсиншки комитет: Ромите и натаму се соочуваат со дискриминација, расистичко и насилничко однесување

8 април 2021

На Меѓународниот ден на Ромите, кога низ светот се одбележува ромската култура, продолжува долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на Ромите и потсетувањето за системската дискриминација со која тие секојдневно се соочуваат, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права во РСМ. „На почетокот на пандемијата, граѓанскиот сектор апелираше за воведување засилени превентивни мерки за […]

Пандемијата со ковид-19 го забави унапредувањето на правата на лицата со попреченост

3 декември 2020

Непристапноста на информациите поврзани со ковид-19, затворањето на дневните центри за поддршка, неприлагоденото учење на далечина, како и невозможноста за социјално дистанцирање за лицата зависни од поддршка при извршување на секојдневни функции, се само дел од проблемите кои го зголемија предизвикот на секојдневниот живот на лицата со попреченост насекаде во светот. Ова го истакнуваат од […]

Филипче: Карантинот го зголеми семејното насилство за 30 проценти во однос на истиот период лани

25 ноември 2020

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека според резултатите од Клиниката за психијатрија, изолацијата за време на долгите карантини поради пандемијата со Ковид-19, резултирала со зголемен број на случаи на семејно насилство. „Разговарав со директорот на психијатриската клиника, секојдневно се регистрираат вакви случаи. Нивната онлајн амбуланта е преоптоварена со повици и тоа трае од почетокот […]

Хелсиншки комитет: Здравствената криза е далеку од завршена, а економско-социјалната ќе се засилува секој ден

14 октомври 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права кој редовно ги следи и известува за човековите права во земјава, подгови нов месечен извештај кој се базира на податоците кои што Комитетот ги евидентира при секојдневната комуникација со граѓани кои се обраќаат за правна помош, на анализата на ефектите од донесените владини уредби во овој кризен период со пандемијата […]

Во државата недостига превенција на говорот на омраза кој резултира со несакани последици (инфографик)

2 октомври 2020

Во последната деценија се намалува бројот на деца малолетници кои биле во судир со закон и се осудени на казна, покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Од друга страна пак, податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права, покажуваат дека во изминатите две години зголемен е бројот на дела од омраза, каде што сторители или […]

Хелсиншки комитет: Загрижува драстичното зголемување на говорот на омраза

10 јуни 2020

Во месец мај забележано е повторно зголемување на говорот на омраза на социјалните медиуми, што е директен резултат на релаксирањето на заштитните мерки и укинувањето на полицискиот час, покажува последниот месечен извештај на Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Слично како за март и април, Хелсиншкиот комитет за човекови права продолжи да евидентира голем број пријави […]

Хелсиншки комитет: Намален е бројот на пријави за прекршување на работничките права

18 мај 2020

Во периодот од 29 април до 15 мај до Хелсиншкиот комитет за човекови права пристигнале 12 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат исто толку работници, со што значително се намалил бројот на пријави за најгруби прекршувања на работничките права. „Бројот на пријави за противзаконски откази, принудни спогодбени раскинувања на договорите за вработување и […]

Хелсиншки: Работодавачи откажувале договори за вработување без писмено да ги известат работниците

12 мај 2020

Априлскиот месечен извештај за човековите права во Република Северна Македонија на Хелсиншкиот комитет за човекови права покажува дека работничките и работниците се една од најзагрозените категории при справувањето со корона вирусот. Минатиот месец Хелсиншки регистрирал 85 пријави за прекршувања на работничките права, кои опфаќаат приближно 920 работници. „Голем број работници пријавија дека одредени работодавачи и […]

Хелсиншки: Намалени се пријавите за отпуштање од работа, но и понатаму не се исплаќаат плати

29 април 2020

Oд 15 до 28 април 2020 година до Хелсиншкиот комитет пристигнале 24 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 552 работници. Оттаму информираат дека иако се намалуваат пријавите за отпуштања од работа и понатаму расте бројот на пријави од работници на кои платата не им била исплатена или им била намалена дури и за […]

Граѓански организации со препораки до институциите како да се намалат последиците од корона кризата врз младите

29 април 2020

Од Хелсиншкиот комитет потенцираат дека долгророчните последици од здравствено економската криза предизвикана од Ковид-19 најмногу ќе ги почувствуваат младите. Поради ова, група граѓански организации изготви итни препораки до институциите за да се намали негативниот ефект врз младите во оваа вонредна состојба. Документот ги дава итните препораки за политики кои треба да се спроведат веднаш за […]

Хелсиншки: Двојно се зголемени случаите со говор на омраза во споредба со минатата година

22 април 2020

Хелсиншкиот комитет за човекови права информираше дека во текот на март 2020, регистрирале 110 случаи за говор на омраза, што е за 100 проценти повеќе за истиот временски период лани. „Најголем број од регистрираните случаи се однесуваат на ситуацијата со пандемијата со вирусот Ковид-19, воведувањето на вонредна ситуација од страна на Претседателот на Република Северна […]

Страна 1 од 4