fbpx

Изборниот пост заврши, почнаа да фрчат огласи за државни вработувања

-

По неколкумесечната пауза во распишување огласи за вработување во државните органи и претпријатија поради одржувањето на претседателските избори, денеска Министерството за одбрана го „скрши мразот“ и распиша оглас за прием на цивилен персонал во служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Во огласот се бараат кандидати за вработување на неопределено време на работните места психолог во гарнизоните на АРМ во Тетово, Штип, Кичево Прилеп и Велес, како и за работните места советник за безбедност и заштита при работа, раководител на сервис за термоенергетика и двајца инструктори по англиски јазик во гарнизонот во Скопје.

Во огласот се вели дека нето платата, за кандидатите кои немаат работно искуство согласно условите и критериумите пропишани во Законот за служба во АРМ изнесува околу 25.000 денари.

Оглас за вработување шест државни службеници распиша и Државното правобранителство, а нови вработувања ќе има и во општина Прилеп, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Штип и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...