fbpx

Синдикатот e против трансфер на административците во приватниот сектор

-

Синдикатот на администрацијата на Република Северна Македонија се противи на идејата на Владата за трансфер на административците во приватниот сектор. Од друга страна, бизнис секторот бара најпрвин да се информира за кадарот што ќе им се понуди, а Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) продолжува со спроведување на планот, пишува „Порталб.мк.“

До крајот на 2019 година, треба да се спроведе планот за трансфер на некои вработени од јавната администрација во приватниот сектор, а ниту еден вработен нема да биде принуден да го промени своето работно место, објаснуваат за овој медиум од МИОА, во врска со нивниот план за реорганизација на вработените во јавната администрација.

„Трансферот на вработените од државниот во приватниот сектор ќе се реализира во соработка со приватниот сектор. Целта е, по спроведувањето на анализата од страна на институциите кои имаат поголем број вработени и анализата од страна на приватниот сектор за нивните потреби, да се споредат понудата и барањата и да се реализира трансферот. Ниту еден вработен во јавната администрација нема да биде принуден да се префрли во приватниот сектор, додека приватните компании ќе добијат бенефиции за преземање на вработените од јавната администрација“, велат од МИОА.

Но, од Синдикатот на државната администрација велат дека овој план нема да го реши проблемот со јавната администрација.

„Со трансферот, нема да се решат проблемите во администрацијата, туку со ова само ќе се поткопа сигурноста на работните места и вработените во државната администрација на подолг рок. Идејата за спроведување на трансферот без нас е неприфатлива и сметаме дека повеќе вработени кои се суфицитарни во јавниот сектор, а кои би биле на списокот за трансфер, со преквалификација треба да се вработат во приватниот сектор. И покрај тоа што имавме средба со министерот за МИОА, во која ја искажавме нашата позиција, сепак не се спроведени сериозни разговори со Министерството или Владата. Министерството изрази желба за соработка со Синдикатот во правец на решавање на проблемите во јавната администрација, но не можеме да кажеме дека Министерството сеуште сака да го спроведе трансферот”, реагираат од таму.

Од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, велат дека во текот на овој процес, Министерството треба да се консултира со бизнисите со цел да разберат каков кадар ќе им биде понуден, бидејќи работата во приватниот сектор, за разлика од таа во државниот сектор е подинамична.

„СКСЗМ внимателно ги следи сите процеси, истото е и со планот за реорганизација на администрацијата, а нашата позиција е, во првата фаза на дискусија за овој план, да се спроведе сеопфатна анализа за тоа со какви кадри располага државната администрација со цел бизнисите најпрво да имаат точни информации, а потоа да се филтрира кои профили му се потребни на бизнис секторот. Како претставници на бизнис-секторот, отворени сме да дискутираме околу оваа тема. Меѓутоа, важно е пред да се преземе конкретен чекор или одлука, бизнисите да бидат информирани за кадрите што се појавуваат како суфицит, бидејќи работата во приватниот сектор се разликува од работата во државната администрација и е подинамична и можеби ќе има потреба од нивна преквалификација”, велат од СКСЗМ.

Бројот на вработени во јавниот сектор, според официјалните бројки за 2018 година е 139.009, а до крајот на март ќе мора да се објави сегашниот број на вработени. Анализата на Асоцијација на менаџери на Северна Македонија покажува дека 30 проценти од вработените во државниот сектор се вишок, а од друга страна на приватниот сектор му се потребни 80 илјади работници од различни профили.

Според препораките на Европската комисија во нивните извештаи за Северна Македонија, бројот на вработени во јавната администрација е голем и неопходно е да се работи на нивно намалување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...