fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга на партиските интереси на власта....

Улиците на Штип обоени со боите на „Шарената револуција“

Неколку жени го предводеа протестот на „Шарената револуција“ во Штип од зградата на Основниот суд преку центарот на градот, избегнувајќи блиска средба со демонстрантите од ГДОМ. Извикувајќи „Оставка“, „Затвор за криминалците“, попатно демонстрантите од „Протестирам“ фрлаа бои, со што улиците на Штип беа обоени со боите на „Шарената револуција“. Иако собирањето на приврзаниците на ГДОМ беше најавено за еден час подоцна...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира против корумпираните институции

Темата на денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе бидат корумпираните институции. Протестот ќе почне во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. „Денеска, како и претходните денови, тргнуваме од СЈО. Оваа институција има цел да го почне расчистувањето со широко распространетата корупција на највисоко државно ниво. Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели, како режимот користи инспектори...

„Шарената револуција“ денеска посветена на ланскиот насилен и крвав 5 мај

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство ќе одржи протест, кој ќе биде посветен на смртта на Мартин Нешковски, односно ќе биде потсетување на ланскиот собир на истиот датум, кога полицијата насилно ги растури демонстрациите пред Владата. „Денеска е 5 мај! Помина една година откако ја слушнавме вистината за убиството на Мартин. Поминаа речиси пет години...

Полициски кордон меѓу двата протести во Штип

Полицијата вечерва во Штип ги сопре двете групи демонстранти, од таканаречената „Шарена револуција“ и од ГДОМ, за да не дојде до судир. Демонстрантите од „Протестирам“ тргнаа од Основниот суд, а тие од ГДОМ во спротивен правец од Домот на културата. Во моментот кога полицијата почна да ги пренасочува во нивните рути, двете групи застанаа на двете различни страни на реката Отиња и почнаа...

„Шарената револуција“ порача: Избори во вакви услови не може да има

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на НИП „Нова Македонија“, во која се наоѓаат просториите на Државната изборна комисија. Тие порачаа дека во вакви услови, со ваков избирачки список, избори нема и не може да има. Пред да почнат со боењето, демонстрантите облекоа кабаници и запалија сигнални факели за да ги заштитат бојачите од камерите на полицијата, кои и овојпат...

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“. По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците...

Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. - Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор. https://twitter.com/meta_agency/status/727894290848960512 Фуере рече дека претседателот Ѓорге Иванов мора да...

„Протестирам“ ќе бара реформи за фер и демократски избори

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест кој ќе има фокус на неопходните реформи за фер и демократски избори. Протестот, традиционално, ќе почне во 18 часот пред канцалариите на Специјалното јавно обвинителство. „За граѓанство кое знае дека иднината на државата сепак зависи од нив, за власт која чувствува одговорност кон граѓаните, за демократизација на институциите, неопходни се фер и демократски...

Протести во македонските затвори на 5 мај

Затворениците и нивни роднини на 5 мај ќе протестираат во и пред сите затвори во Македонија поради тоа што претседателот Ѓорге Иванов сè уште нема одговорено на нивното барање да бидат помилувани, јавува „Алсат-М“. Според најавите, протестот ќе биде поддржан и од невладините организации, кои веќе протестираат поради одлуката на Иванов да ги сопре сите судски процеси против политичари и...

„Шарената револуција“ порача дека нема независно судство и нема правда

Основниот суд Скопје 1 вечерва беше обоен во боите на „Шарената револуција“. Демонстрантите, денешниот протест, кој традиционално го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, го посветија на корумпираното судство. На демонстрантите, пред зградата на судот им се обратија неколку адвокати, кои порачаа дека не сакаат да ја работат својата професија, не затоа што не је сакаат, туку затоа што, како што...

„Шарената револуција“ денеска со протест против корумпираното судство

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, по велигденските празници, денеска ќе продолжи со протестите против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на 56 политичари и нивни соработници. Денешниот протест ќе почне во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде со фокус, како што велат од „Протестирам“, на корумпираното и партизираното судство. „Во држава во која насилството од страна на...

Симболичен протест и денеска пред СЈО

Група скопјани и денеска во 18 часот, симболично се собраа пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и мирно го изразија својот револт против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери. Иако од „Протестирам“ најавија мирување на протестите, сепак граѓаните денеска повторно се собраа на почетното место - канцелариите на СЈО. Организаторите вчера најавика дека дополнително ќе известат кога ќе продолжат протестите.

Нема да нè заплашат со притворот на соборците, порачаа граѓаните на протестот

Неколку стотини граѓани денеска по 15. пат неформално се собраа на протест пред Специјалното јавно обвинителство. Иако граѓанската иницијатива „Протестирам“ за денеска не закажа протест, сепак граѓаните спонтано дојдоа да го искажат својот револт против одлуката на претседателот Иванов да помилува политичари и ниви блиски соработници. Протестот се одржа само пред просторите на СЈО, а дел од граѓаните и активистите...

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони со боја, на транспарентот со ликот на Иванов со спреј испишаа „Готов си“ и поставија...

„Шарената револуција“ положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев

Демонстрантите на денешниот протест, по повод 111-годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, положија свежо цвеќе на неговиот споменик пред Собранието на Република Македонија. https://twitter.com/meta_agency/status/725380681082245121 Граѓаните, кои протестираат поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери, и денешниот протест го почнаа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. Оттаму тие се упатија кон Собранието. https://twitter.com/meta_agency/status/725367660616253440 Пред демонстрантите се обрати...

Денеска закажани протести во девет градови

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска во девет градови закажа протести против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери. Освен во Скопје, протести ќе се одржат и во Струмица, Велес, Охрид, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп и во Радовиш. Во Велес протестот ќе почне во 18 часот на кружниот тек Авона, во Охрид - во 18 часот кај Чинарот, во Кичево -...

Два протести во Тетово: Едните бараа оставка на владата, другите – избори на 5 јуни

„Укинување на аболицијата“, „Долу влада“, „Готови сте“ беа дел од паролите што синоќа се извикуваа на протестот во Тетово, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“.  Протестот почна околу 19 часот пред Основниот суд во Тетово, а по половина час учесниците со протестен марш низ булеварите Илинденска и Маршал Тито се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде што побараа негова оставка. - Јас не...

„Шарена револуција“: Што ќе правите кога неправдата ќе затропа на вашите врати?

Мирно заврши и денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Граѓаните кои протестираат против одлуката за аболиција на функционери, денеска се движеа од Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието сè до Владата. На пат кон Собранието, тие повторно ги обоија фасадите на Министерството за правда, како и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од демонстрантите, во знак на револт,...

Министерството за правда и канцеларијата на Иванов повторно во боите на „Шарената револуција“

Обоени со боите на протестот наречен „Шарена револуција“ денеска останаа Министерството за правда и канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов. Граѓаните, кои протестираат против аболицијата на претседателот, по боењето на овие два објекти и палењето на фотографиите од Иванов, се упатија кон Собранието на Република Македонија. https://twitter.com/meta_agency/status/725012100586852352 Засега не се знае по која маршрута ќе се движат, но може да се очекува,...