fbpx

„Шарената револуција“ порача дека нема независно судство и нема правда

-

Основниот суд Скопје 1 вечерва беше обоен во боите на „Шарената револуција“. Демонстрантите, денешниот протест, кој традиционално го почнаа пред Специјалното јавно обвинителство, го посветија на корумпираното судство.

На демонстрантите, пред зградата на судот им се обратија неколку адвокати, кои порачаа дека не сакаат да ја работат својата професија, не затоа што не је сакаат, туку затоа што, како што рекоа, во оваа држава нема правда.

Адвокатката Снежана Калеска истакна дека немаме независно судство и немаме правда.

– Не сакам да бидам адвокат во ваква држава, туку во држава во која владее правото. Материјалното право треба да се темели врз фактите, а не врз слободната волја на моќниците. Судиите се поклопени од оние кои дојдоа на власт на чуден начин – изјави Калеска.

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ праша каква порака судот им испраќа на младите: да бидат членови на партија за да не одговараат?

– Поднесов барање за 2.200 осудени лица за намалување на казната за 30 отсто. Ми побараа да поднесам полномоштво или секој од нив поединечно да поднесе барање. Тоа ли е правда? – прашува Давидовиќ.

Пред присутните се обрати и Елена Ефтимова, мајката на приведениот Борјан. Таа истакна дека нејзиниот син останува во домашен притвор до 26 мај, кога треба да се произнесе за делото. Од говорницата им порача на другите родители, кои седат дома, да не се плашат да излезат и да ги охрабрат младите. Таа истакна дека ако нема промени, децата ќе си ги гледаат преку „скајп“ и „вибер“.

Демонстрантите потоа се упатија кон зградата на Владата, каде по краткиот протест се разотидоа.

Протести против аболицијата на политичарите и на нивните соработници, освен во Скопје, денеска се одржаа и во Струмица и во Битола.

Битолчанки на вечерашниот протест им поделија велигденски јајца на полицајците кои ја чуваа општинската зграда, порачувајќи им „Ако немате јајца, еве ви“. Освен што протестираа против аболицијата, битолчани побараа и оставка од градоначалникот Владимир Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...