fbpx

Најмногу дожд во Крива Паланка, а најстудено во Лазарополе

-

Влажниот бран што ја зафати Македонија денеска донесе најмногу дожд во Крива Паланка, каде до 16 часот наврнаa 18 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Најмалку дожд наврнало во Гевгелија, односно 1 литар на еден квадратен метар.

Според мерењата на УХМР, до 16 часот најмногу воден талог има во Пожаране и во Лазарополе, каде наврнале по 6 литри на еден квадратен метар, потоа следуваат Берово, Струмица и Виница со 5 литри дожд на еден квадратен метар, Петровец со 3 литри и Скопје и Маврово со 2 литри дожд на еден квадратен метар.

Според УХМР, до крајот на денот ќе биде променливо облачно и свежо, а во источните делови на земјата ќе продолжат врнежите од дожд. Во вечерните часови се очекува намалување на интензитетот на ветерот.

Најстудено денеска е во Лазарополе, каде се измерени 5 Целзиусови степени, а според мерењата на УХМР, најтопло е во Демир Капија, каде живата на термометарот се искачила до 18 Целзиусови степени.

Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно, со појава на повремени локални дождови во западните и во северните делови на земјата. Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 Целзиусови степени, а дневната од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време, со температура до 15 Целзиусови степени.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...