fbpx

„Протестирам“ ќе бара реформи за фер и демократски избори

-

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест кој ќе има фокус на неопходните реформи за фер и демократски избори. Протестот, традиционално, ќе почне во 18 часот пред канцалариите на Специјалното јавно обвинителство.

„За граѓанство кое знае дека иднината на државата сепак зависи од нив, за власт која чувствува одговорност кон граѓаните, за демократизација на институциите, неопходни се фер и демократски избори. Сакаме избори на кои го даваме гласот слободно и достоинствено, без уцени и измислени гласачи! Сакаме избори на кои сечиј глас еднакво вреди! Сакаме избори на кои победуваат идеите, а не притисоците“, се вели во најавата за протестот.

Протест ќе има и во Штип во 18 часот, пред Основниот суд, во Велес во 18.30 часот, на кружен тек Авона, во Тетово во 19 часот, пред Основниот суд, во Битола во 19 часот, на плоштад Магнолија, во Струмица во 19 часот, пред старата полиција, во Радовиш во 19 часот, на плоштад Свети Спасо Радовишки, и во Гевгелија во 19.30 часот, пред Пензионерскиот дом.

Во Крива Паланка, во 13 часот, и во Облешево, во 19 часот, активистите на „Протестирам“ ќе постават блокади на патиштата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...