fbpx

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира против корумпираните институции

-

Темата на денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“ ќе бидат корумпираните институции. Протестот ќе почне во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

„Денеска, како и претходните денови, тргнуваме од СЈО. Оваа институција има цел да го почне расчистувањето со широко распространетата корупција на највисоко државно ниво. Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели, како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници, како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи трулеж и расипаност. Корумпирани институции значат трули институции, кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денеска ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност. Или со зборовите на поранешниот претседател на ДКСК, ’Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин’“, велат од „Протестирам“.

Вчера протестот беше во знакот на само една боја – црвената, како симбол на крвта на Мартин Нешковски, кој на 6 јуни 2011 година по прославата за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ беше убиен на градскиот плоштад во Скопје.

Демонстрантите на плоштадот Македонија прво го поставија транспарентот со натпис „Пробавте да сокриете убиство“, а потоа со црвена боја на плочникот оставаа отпечатоци од раце и напишаа „Убијци“, како и „Правда за Мартин, слобода за сите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...