fbpx

„Шарена револуција“: Што ќе правите кога неправдата ќе затропа на вашите врати?

-

Мирно заврши и денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Граѓаните кои протестираат против одлуката за аболиција на функционери, денеска се движеа од Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието сè до Владата.

На пат кон Собранието, тие повторно ги обоија фасадите на Министерството за правда, како и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од демонстрантите, во знак на револт, палеа негови фотографии.

Студентката Ивана Туфекџиќ пред насобраните кај Собранието им се обрати и  на сите оние кои пијат кафе и не се „замараат“ со политика.

– Мирни ли сте кога Иванов помилува криминалци, а во затвор се лежи за украдени ќебапи? Кога неправдата ќе затропа и на вашите врати, кафето ќе ви биде горчливо – рече Туфекџиќ, која е членка на „Студентски пленум“.

Од Собранието, граѓаните, со свирежи и со извици „Лопови“, „Затвор не ти гине Никола“, „Нема правда, нема мир“, се упатија пред Владата, каде и го завршија протестот.

Освен во Скопје, граѓаните излегоа на протест и во Тетово, Кичево, Струмица, Велес, Радовиш, Битола и во Прилеп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...