петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: шарена револуција | 118 резултати

Димитров: „Шарената револуција“ е жед за одговорност, „бојкотирам“ е повик за неодговорност

август 15, 2018

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на својот „Фејсбук“ профил порача дека не може да се повлекува паралела меѓу „Шарената револуција“ и движењето „бојкотирам“, бидејќи, како што вели тој, бојкотирањето на референдумот е повик за бегање од одговорноста. „Шарената револуција е жед за одговорност во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа […]

Савески: Ќе има ли еден аршин за Богоевски, друг аршин за обвинетите од Левицa

јануари 18, 2018

Познатиот активист д-р Здравко Савески ја поздрави одлуката на Обвинителството да не го гони Павле Богоевски, но порача дека треба да се има еднаков пристап и кон членовите на Левица, кои се исто така обвинети поради активностите во Шарената револуција. Во пост на неговиот Фејсбук-профил рече дека ако членовите на Левица, чиј основач е тој, […]

Обвинителството се откажало од гонење на Богоевски за фрлање боја

јануари 17, 2018

Oбвинителството се откажало од кривичен прогон на пратеникот Павле Богоевски за фрлање боја врз објектот на Министерство за култура во текот на протестите од Шарената револуција, објави на „Фејсбук“ адвокатското друштво „Давидовиќ и Јанковиќ“. На денешното судско рочиште, како што напишаа тие, се утврдило дека никој нема право без одобрение на Заводот за заштита на […]

Груевски: Виновници за обидот на убиство на Тодоров се тие што креираа хистерија

јуни 1, 2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за денешниот обид за убиство на министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, ги обвини политичкиот противник, владејачкиот СДСМ, граѓанските организации, луѓето што протестираа против власта на ВМРО и дел од новинарите. Обвини дека притоа користеле лаги. – СДСМ, Зоран Заев, куп НВО финасирани од Соросовите инсталации, шарената платеничка револуција цели три […]

Хронологија: Како се смени власта во Македонија

јуни 1, 2017

Трите години политичка криза за граѓаните на Македонија беа тешки, исцрпувачки и стресни. Кризата не беше само политичка, таа премина и во економска, социјална, морална и етичка. Имаше серија протести и контрапротести, судења и контрасудења, истраги и контраистраги. Потпишан беше Договорот од Пржино, па потоа и Пржино 2. Имаше избори, но и одложени избори, се […]

Богоевски: Со „Шарена револуција“ засекогаш ја променивме политичката сцена

април 12, 2017

Пред една година, на 12 април, илјадници граѓани револтирани од одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да прогласи широка аболиција и да помилува 56 лица – политичари и нивни соработници, кои се споменуваат во прислушуваните разговори, излегоа на масовен протест пред народната канцеларија на Иванов во центарот на градот. Таа одлука, донесена пет дена […]

„Метаморфозис“: Не организираме обуки за протести, Маневски грубо манипулира

март 22, 2017

Тврдењата објавени на 21 март 2017 година од страна на медиумите „Дневник“, телевизија „Нова“ и „Вечер“, припишани на Михајло Маневски, за каква било поврзаност на Фондацијата „Метаморфозис“ со насилство, претставуваат груба манипулација и искривување на вистината, се вели во демантот на „Метаморфозис“. „Фондацијата „Метаморфозис“ преку своите обуки ги гради капацитетите на невладините организации за користење […]

ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба вистински граѓански сектор

февруари 7, 2017

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска повикува на „десоросоизација“ и ги обвинува Павле Богоевски, Ивана Туфекџиќ и Лидија Димова дека „се само дел од послушниците на аболираниот криминалец Зоран Заев кои докажуваат дека СДСМ и Сорос се едно кога станува збор за форсирање антидржавната агенда“. „Ваквите ликови не се граѓански сектор и не може да ги застапуваат […]

Судот го отфрли обвинението против адвокатот Стеваноски и за графитот „Кај ви е хилтата?“

февруари 3, 2017

Основниот суд Прилеп го отфрлил и второто обвинение против адвокатот и еден од водачите на „Шарената револуција“ во градот, Жарко Стеваноски, поради испишувањето на графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп на 18 мај минатата година, пренесува порталот „Публикум“. Прилепската полиција го товареше Стеваноски дека графитот што го испишал на […]

Демири се изјасни за невин, судењето одложено за 14 март

јануари 24, 2017

Мариглен Демири се изјасни за невин откако беше прочитано обвиниението против него на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1. Јавното обвинителство го товари Демири дека кршел и фрлал предмети и заедно со толпа граѓани на 13 април минатата година ја оштетил народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на […]

Адвокатот Стеваноски тужи директор за клеветење на „Шарената револуција“

јануари 24, 2017

Адвокатот Жарко Стеваноски поднел кривична пријава против директорот на прилепското Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови Прилеп, обвинувајќи го дека ја злоупотребил службената положба со тоа што подготвил неточен извештај што го поднел во Општина Прилеп, а во кој обвинил дека како последица на протестите на „Шарената револуција“ одделението за јавен паркинг и одделението […]

Одложено судењето на Мариглен Демири, наредното рочиште закажано за 24 јануари

ноември 22, 2016

Денешното судењето против членот на Левица и кандидат за пратеник Мариглен Демири е откажано и рочиштето е презакажано за 24 јануари следната година. Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето затоа што претставничката на Државното правобранителство доцна ја доставила процената за материјалната штета од кршењето на стаклото на канцеларијата за претседателот […]

Денеска продолжува судењето на активистот Павле Богоевски

ноември 14, 2016

Денеска продолжува судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, кое минатиот месец беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура. Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Тој на минатото рочиште рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел […]

Интензивно се чистат трагите од „Шарена револуција“

октомври 27, 2016

Скулптурите на лавови што се наоѓаат на почетокот на мостот Гоце Делчев и кои на 23 април годинава беа обоени од припадници на „Шарена револуција“, деновиве интензивно се чистат. Два од нив се веќе исчестени, а другите два се покриени и чистењето е во тек. Поголем број споменици и институции оваа пролет беа обоени како заштитен […]

Млекарот Душко чека политички азил во Германија

октомври 21, 2016

Повеќе од еден месец, Душко Илиевски, кој на јавноста ѝ е познат како Душко млекарот, се наоѓа во Германија со своето семејство. Нема намера да се враќа и веќе доставил барање за политички азил до германските власти. Ова го потврди неговиот пријател Кире Велковски, во емисијата „Ноќен експрес“ на „Канал 77“. „Душко избега од полицијата и од […]

Активистички ден во Скопје – студентски референдум и протест за Павле Богоевски

октомври 5, 2016

Референдумот на „Студентски пленум“ и протестот на „Шарена револуција“ се двата активистички настани денеска. „Студентски пленум“ од 9 до 17 часот ќе организира референдум на кој студентите ќе треба да се изјаснат за тоа какво студентско организирање сакаат. Гласањето ќе биде тајно, а избирачки места ќе има на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и […]

„Шарена револуција“: Утре сите пред суд да му дадеме поддршка на Павле Богоевски

октомври 4, 2016

„Шарената револуција“ ги повика граѓаните, утре, во 10.45 часот, да дојдат пред Основниот суд Скопје 1 и да му дадат поддршка на активистот Павле Богоевски. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, пишува дека Богоевски се товари за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. „Еден за сите, сите за еден! Утре во 10.45 ние ќе […]

Заев: На 11 декември ќе има фер, регуларни и демократски избори

септември 27, 2016

„Убеден сум дека на 11 декември, ќе има фер, регуларни и демократски избори. Јас, мојата партија и целата опозиција, како еден од важните фактори во Република Македонија, ќе сториме сè за изборите да бидат слободни и за граѓаните на регуларен, фер и демократски начин да ја изразат слободната волја и тие да ја проектираат иднината на Македонија“, изјави денеска во Кавадарци лидерот […]

„Шарена револуција“: СЈО е патот до правдата

септември 26, 2016

Неколку стотици граѓани, поддржувачи на „Шарената револуција“, денеска се собраа пред Собранието да му дадат поддршка на Специјалното јавно обвинителство. На собирот се пуштаа песни за Македонија, за поддршка на СЈО и против владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Припадниците на „Шарената револуција“ на улицата пред Собранието нацртаа голем круг, во него нацртаа стрелка која покажуваше кон СЈО, а […]

Денеска во 17 часот, собир за поддршка на СЈО пред Собранието

септември 26, 2016

Денеска, во 17 часот, пред Собранието ќе се одржи собир за поддршка на Специјалното јавно обвинителтво. Во повикот на социјалните мрежи пишува дека по летните одмори, СЈО повторно е под напад на режимските гласноговорници и има вистински линч и пропаганда против обвинителката Катица Јанева и целото СЈО. „Власта со која сè уште управува обвинетиот Груевски, ја […]

Страна 1 од 6