fbpx

Млекарот Душко чека политички азил во Германија

-

Повеќе од еден месец, Душко Илиевски, кој на јавноста ѝ е познат како Душко млекарот, се наоѓа во Германија со своето семејство. Нема намера да се враќа и веќе доставил барање за политички азил до германските власти. Ова го потврди неговиот пријател Кире Велковски, во емисијата „Ноќен експрес“ на „Канал 77“.

„Душко избега од полицијата и од судството. Беше револтиран и не можеше повеќе да ги трпи притисоците. Имаше повеќе кривични пријави за учество во протестите на „Шарената револуција“ во Битола и за протестите пред зградата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, изјави Велковски, кој додаде и дека сега Душко во Германија не работи ништо.

Заедно со неговите татко и брат, Душко Илиевски помина 12 дена во притвор поради обвинение дека одгледувале марихуана во нивата. Самиот сведочеше дека трпи повеќегодишна правно-полициска тортура. Пред да замине за Германија, Илиевски искажа сомнеж во јавноста дека повторно му се подготвува нешто, откако забележал двајца инспектори како фотографираат додека тој работел на нивата.

Неговиот пријател Кире Велковски вели дека и тој самиот, како земјоделски лидер, е под притисоци и има повеќе кривични пријави.

„Со Душко живееме повеќе години, а сега и јас се соочувам со проблеми слични на неговите. Обвинувања, кривични пријави… На суд сум по пријава за учество во толпа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Кривична пријава имам за учество во толпа и за случај пред Општина Битола. Исто така, имам и пријава за сликање на некои ниви во општина Могила. До овој момент, против мене се поднесени осум кривични пријави“, изјави пријателот на млекарот Душко Илиевски во „Ноќен експрес“.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Best WordPress Themes Free Download
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download
download micromax firmware
Free Download WordPress Themes
download udemy paid course for free