понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: шарена револуција | 118 резултати

Контејнер (г)дом за градоначалникот Талески

мај 8, 2016

Битолчани со контејнер на кој пишуваше „гдомот на градоначалникот“ и денеска излегоа на протести, барајќи оставка од аболираниот Владимир Талески, осомничен за криминал. Од плоштадот Магнолија, демонстрантите повторно се насочија кон зградите на судовите во Битола кои ги обоија со боите на „Шарената револуција“ и оттаму зедоа контејнер за да го остават пред Општина Битола. […]

МВР: Снимателот на протестите пред МРТВ е полицаец, поведена е истрага

мај 8, 2016

Лицето што синоќа го снимаше протестот на „Шарената револуција“ пред зградата на „Македонска радио-телевизија“ е припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР), потврди МВР. „Утврдено е дека лицето е припадник на ЕБР и се преземаат мерки за да се открие по чија наредба го вршел снимањето“, соопштија од МВР и додаваат дека деновиве ќе излезат со […]

„Родова еднаквост“ и „Шарената револуција“ на Скопскиот маратон

мај 8, 2016

Повеќе од 8.000 учесници од 46 држави денеска учествуваат на годинешниот „Виз ер – Скопски маратон“, кој се одржува по 12. пат. Маратонот се организира под покровителство на Град Скопје и на Мисијата на Европската Унија, а наградниот фонд изнесува 17.100 евра. Во рамките на маратонот се одржа и кампања за „Родова еднаквост“, организирана од […]

„Крај на програмата“ ѝ порачаа демонстрантите на МРТВ

мај 7, 2016

„Шарената револуција“ вечерва ја обои зградата на МРТВ и му порача на јавниот сервис „Крај на програмата“. Фокусот на денешниот протест беше дека МРТВ е јавен сервис на граѓаните и дека негова задача е да работи професионално, а не партиски. Демонстрантите напишаа „Крај на програмата“ и ја обоија зградата на Македонско радио #ШаренаРеволуција #Протестирам pic.twitter.com/VuEYiZnXCf […]

„Шарената револуција“ денеска ќе бара департизација на МРТВ

мај 7, 2016

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска ќе одржи протест во чиј фокус ќе биде работата и информирањето на јавниот сервис, односно „Македонска радио-телевизија“. „Само информирани граѓан(к)и можат да носат информирани одлуки. Задача на „Македонска радио-телевизија“, како јавен радиодифузер, е да известува професионално и непристрасно за настаните. Меѓутоа, овој јавен сервис е отуѓен од народот и е слуга […]

Улиците на Штип обоени со боите на „Шарената револуција“

мај 6, 2016

Неколку жени го предводеа протестот на „Шарената револуција“ во Штип од зградата на Основниот суд преку центарот на градот, избегнувајќи блиска средба со демонстрантите од ГДОМ. Извикувајќи „Оставка“, „Затвор за криминалците“, попатно демонстрантите од „Протестирам“ фрлаа бои, со што улиците на Штип беа обоени со боите на „Шарената револуција“. Иако собирањето на приврзаниците на ГДОМ […]

Протестна симболика: Балони со сликата на Груевски полетаа кон небото

мај 6, 2016

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска со шарени балони ги изненади граѓаните што се собраа на протест пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Активистите на „Шарената револуција“ донесоа балони, кои им ги поделија на насобраните демонстранти. На балоните се закачени фотографии од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а една од нив беше запалена. Шарени балони […]

Полициски кордон меѓу двата протести во Штип

мај 4, 2016

Полицијата вечерва во Штип ги сопре двете групи демонстранти, од таканаречената „Шарена револуција“ и од ГДОМ, за да не дојде до судир. Демонстрантите од „Протестирам“ тргнаа од Основниот суд, а тие од ГДОМ во спротивен правец од Домот на културата. Во моментот кога полицијата почна да ги пренасочува во нивните рути, двете групи застанаа на двете различни страни […]

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

мај 4, 2016

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“. По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана […]

Фуере пред СЈО: Избори во ваква ситуација се невозможни

мај 4, 2016

Поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере, денеска им се приклучи на демонстрантите, кои традиционално својот протестен марш го почнуваат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. – Ги поддржувам овие луѓе кои достоинствено протестираат против кршењето на владеењето на правото и повредата на човековите права, кои се случуваат во земјата – изјави поранешниот евроамбасадор. Поранешниот Евроамбасадор […]

Демонстрантите пред Владата ги обоија сликите на Груевски и на Иванов

април 27, 2016

Балоните со боја на „Шарената револуција“ вечерва ги обоија лицата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Големи транспаренти со контурите на ликовите на двајцата функционери беа поставени на оградата пред Владата. Демонстрантите, откако ги обоија лицата, фрлајќи балони со боја, на транспарентот со ликот на Иванов со спреј […]

„Шарената револуција“ положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев

април 27, 2016

Демонстрантите на денешниот протест, по повод 111-годишнината од смртта на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, положија свежо цвеќе на неговиот споменик пред Собранието на Република Македонија. #ШаренатаРеволуција положи цвеќе пред споменикот на Карев по повод 111 годишнината од неговата смрт #протестирам #п pic.twitter.com/DrGX2bwaaJ — META.mk (@meta_agency) April 27, 2016 Граѓаните, кои протестираат поради одлуката […]

„Шарена револуција“: Што ќе правите кога неправдата ќе затропа на вашите врати?

април 26, 2016

Мирно заврши и денешниот протест пред Владата на Република Македонија. Граѓаните кои протестираат против одлуката за аболиција на функционери, денеска се движеа од Специјалното јавно обвинителство, преку Собранието сè до Владата. На пат кон Собранието, тие повторно ги обоија фасадите на Министерството за правда, како и на Народната канцеларија на претседателот Иванов. Таму, дел од […]

Демонстрантите ја обоија и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги

април 22, 2016

Граѓаните што денеска протестираат во центарот на Скопје, ја обоија новата зграда на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Агенцијата за млади и спорт. Тие извикуваа „Ова беше парк“ и „Боја“ и фрлија неколку дестици топки со боја кон објектот, кој сега е обоен во боите на, како што велат демонстрантите, „Шарената револуција“, што симболично […]

Страна 6 од 6