fbpx
Таг: шарена револуција

таг: шарена револуција

„Шарената револуција“ денеска во 19 часот на нов протест

„Шарената револуција“ и нејзините поддржувачи денеска, во 19 часот, ќе излезат на нов протест, кој ќе почне пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. Во најавата за протестот, објавена на официјален фејсбук-профил на „Шарената револуција“, се вели дека тие ја продолжуваат борбата за остварување на нивите барања и дека се „вклучуваат во решавањето на кризата“. „Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот...

„Шарената револуција“ најави нов протест в понеделник во 19 часот

„Шарената револуција“ за понеделник најави нов протест, кој ќе почне пред заградата на Специјалното јавно обвинителство во 19 часот. Од „Шарената револуција“ во најавата, објавена на нивниот официјален фејсбук-профил, велат дека борбата за правда продожува и дека се вклучуваат во решавањето на кризата. „Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се...

Казни од 430 евра за тројца демонстранти на „Шарената револуција“ во Штип

Поради шарање на улиците и на тротоарите, тројца демонстранти од „Шарената револуција“ во Штип треба да платат казни од 430 евра. Ова на тројцата им било соопштено по информативните разговори на кои беа повикани синоќа во полициската станица во Штип. - Казните се преголеми и немаме намера да ги плаќаме - вели Горан Трајков, неформалниот лидер на штипската „Шарена револуција“. На...

Полицијата собира снимки и фотографии од протестот на „Шарената револуција“

Секторот за внатрешни работи Скопје собира видеоснимки и фото-материјали од оштетувањето на зградата на Министерството за правда и на споменикот „Прометеј“ за време на протестите на „Шарената револуција“ и на активистите и поддржувачите на граѓанската иницијатува „Протестирам“, што се одржаа во понеделникот оваа недела, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. Во соопштението, во кое, меѓу другото, хронолошки е опишан текот...

Полицијата ги спречи демонстрантите да го урнат споменикот на Прометеј

Додека демонстрантите се обидуваа да го урнат споменикот на Прометеј, голема група припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ги спречија активистите да му пријдат на споменикот, кој е дел од проектот „Скопје 2014“. https://twitter.com/meta_agency/status/744977042274422784 Граѓаните извикуваа „Нема правда нема мир“, „Убијци“, „Човечиња“ и им ги објаснуваа своите мотиви на полицајците. Претходно, неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството...

„Шарена револуција“: Камења и шишиња врз Министерството за правда

Неколку камења и пластични шишиња завршија во прозорците на Министерството за правда на денешниот протест на „Шарената револуција“. Претходно демонстрантите го обоија Министреството со боја со помош на пумпи и буриња. Полицијата, иако во зголемен број присутна пред Министерството, не реагираше на активностите на демонстрантите. https://twitter.com/meta_agency/status/744967877145419776 Граѓаните извикуваа „Шутка не ти бега Никола“ и „Нема правда нема мир“. Протестот почна во 19 часот...

СДСМ: Режимот да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите

Режимот на Никола Груевски веднаш да ги тргне канџите од граѓаните и демонстрантите, порача опозициската партија СДСМ. „СДСМ и целата демократска јавност најостро го осудуваат однесувањето на полицијата на Чавков и приведувањето на демонстрантот, само затоа што носел транспарент што не му се доаѓал на режимот. Бараме приведеното лице веднаш да биде ослободено“, стои во соопштеното. Според СДСМ, со приведувањето на...

Уапсен Павле Богоевски, „Шарена револуција“ повикува на протест

Полицијата вечерва го приведе активистот на „Шарената револуција“, Павле Богоевски, при обид да спроведе герила-акција на Камениот мост, спроти Музејот на ВМРО, каде се одржува роденденската забава на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Активистите на „Шарена револуција“ од плоштадот Македонија се обиделе да поминат преку Камениот мост и да стигнат до музејот, но полицијата ги спречила. Камениот мост е затворен за движење, односно...

Ултимативниот рок на „Шарена револуција“ истече – утре голем протест

Истече рокот за ултиматумот што го поставија граѓанските здруженија и „Шарената револуција“, а иницијативата за Специјалното јавно обвинителство не се најде на дневниот ред за следната седница на Уставниот суд, закажана за среда. Граѓаните и „Шарената револуција“ завчера со герила-акција го испишаа последниот број од одбројувањето и најавија голем протест за понеделник, 20 јуни. Дотогаш не се предвидени посебни активности. Вчера на...

„Шарената револуција“ со огнен број 1 го заврши одбројувањето

Активистите на „Шарената револуција“ вечерва пред просториите на Специјалното јавно обвинителство со исцртување на римскиот број еден составен од луѓе и од факли го испишаа последниот број од крајниот рок кој го дадоа за исполнување на нивните барања. Граѓаните наредени во три реда синхронизирано ги запалија факлите и запеаја „Шутка не ти бега Никола“. Како што рекоа од „Шарената револуција“, оваа бројка...

„Шарената револуција“ најавува масовен протест в понеделник во 19 часот

„Шарената револуција“ ги повика сите слободоумни граѓани в понеделник, во 19 часот, на масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство, бидејќи, како што велат, имаат обврска да го спасат СЈО од прангите на криминалците на власт. Организаторите велат дека поместувањето за еден час се должи на најавениот топлотен бран. „На оваа корумпирана и криминална власт ѝ дадовме и повеќе од доволно...

Рокот изминува, ситно броиме, порача „Шарената револуција“

Поддржувачите на „Шарена револуција“ остануваат оптимисти дека нивните барања ќе бидат исполнети до крајниот рок – 18 јуни. Тие денеска поставија блокади на три мостови во Скопје – мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ). На мостот Гоце Делчев демонстрантите го испишаа бројот два и напишаа „Ситно броиме“, потсетувајќи на рокот што го дадоа да се исполнат нивните...

„Шарена револуција“ денеска напладне ќе блокира три моста

„Шарената револуција“ денеска во 12 часот ќе блокира три мостови во Скопје - мостот Гоце Делчев, мостот Слобода и мостот Мајка Тереза (кај МАНУ). „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните да се произнесе за Специјалното јавно обвинителство?...

Полицајци во цивилка ги запреа припадниците на „Шарена револуција“

Полицајци во цивилна облека вечерва по протестот ги сопреа припадниците на „Шарена револуција“ кај Соборниот храм и побарале да ги легитимираат. Активистите веднаш ги извадиле своите мобилни телефони и почнале да ги снимат припадниците на МВР. По ваквата реакција на активистите, припадниците на МВР, избегнувајќи ги камерите, веднаш се повлекле. Видеозаписот од целата случка на „Фејсбук“ го објави активистот Замир Мехмети,...

„Шарената револуција“ порача: Сакаме еднаквост, правда и ново сонце на слободата

„Нема да престанеме сè додека оваа власт не падне. Не сакаме силни влади, туку силни институции, судови кои праведно ќе судат, студенти кои ќе добијат добро образование и ќе се вработуваат без да биде важно дали некој е за ВМРО, СДСМ или за некој трет“, рече поранешниот аммбасадор на Македонија во САД и Холандија, Никола Димитров на вечерашниот протест...

Герила-акција на натпреварот Македонија – Чешка

„Шарената револуција“ вечерва изведе нова герила-акција на ракометниот натпревар на репрезентациите на Македонија и на Чешка. Демонстрантите, за време на натпреварот во салата „Борис Трајковски“, извадија транспарент на кој беше испишана пораката „Шутка не ти гине Никола“. Вечерва се одигрува реванш-мечот од квалификациите за Светското првенство во ракомет, кое треба да се одржи следната година во Франција.

„Шарената револуција“ денеска со протест во 18 часот пред СЈО

„Шарената револуција“ денеска во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство ќе протестира бидејќи, како што велат, СЈО е под закана, а сè уште трае и прогонот против демонстрантите. „Уставен суд сè уште не постапува по нашето барање за заштита на правдата. Прашуваме, планира ли овој суд, оформен во име на граѓаните и платен со пари на граѓаните, да...

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“. Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, во 9 часот, објавен минатата...

Остануваат уште пет дена, порача „Шарената револуција“ со герила-акција пред Уставен суд

„Шарената револуција“ денеска со нова герила-акција потсети дека остануваат уште пет дена до исполнување на нивните две клучни барања. Тие пред Уставниот суд ја нацртаа бројката пет и напишаа „СЈО е уставно“. Едно од нивните барања е Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за оценување на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство. Второто барање, кое бараат да се исполни до...

„Шарената револуција“ одбројува: Остануваат уште шест дена!

Поддржувачите на „Шарената револуција“ вечерва на мостот Око, пред Основното јавно обвинителство, направија нова герила-акција со која потсетија дека преостануваат уште шест дена до 18 јуни, крајниот рок што го дадоа за да се исполнат нивните две клучни барања. „Денеска одбројуваме од мостот Око и упатуваме граѓански поглед на излезот од кризата. Излез од кризата не може да има ако...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...