fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

СДСМ: Бакрачески и директорите вршат притисок вработените да не излегуваат на протести

Во Охрид вечерва, третпат, граѓаните ќе го искажат својот револт, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Во пресрет на вечерашниот протест, од општинската организација на СДСМ излегоа со обвинување дека градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во јавните и во државните институции, како болници, детска градинка, училишта и слично, вршат силен притисок врз вработените да не излегуваат на...

Денеска протести во Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и во Радовиш

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска тринаесетти пат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот ќе организира протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари. Освен во Скопје, протести ќе се одржат и во Тетово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и во Радовиш. Во Тетово протестот ќе почне во 19 часот пред зградата на Основниот суд. „Ги повикуваме сите граѓани...

Падна скелето, ама Владата уште се држи!

Скелето поставено пред Владата се урна под налетот на силниот ветер и дожд. Нема повредени помеѓу припадниците на полицијата кои стоеја од другата страна на оградата во непосредна близина на скелето. https://twitter.com/meta_agency/status/724669538869088257 Насобраната маса народ веднаш се стрча кон оградата, но откако забележа дека припадниците на безбедносните сили се во добра состојба, почна да извикува „Пада влада“ и „Ружна ви е...

„Шарената револуција“ ја обои и зградата на МНР

Демонстрантите на денешниот протест против одлуката на Иванов да помилува политичари, ја обоија и зградата на Министерството за надворешни работи во боите на „Шарената револуција“ која, како што велат, означува боење на Македонија во боите на слободата и на демократија. Граѓаните со чадори ги штитеа полицајците што ја чуваа зградата на МНР за да не им се обојат нивните штитови и...

„Цивил“: Апсењата мора да престанат!

Центарот за слобода „Цивил“ денеска најостро го осуди приведувањето на членот на президиумот на Левица, д-р Здравко Савески. - „Цивил“ бара итно ослободување на Савески и бара да престанат притисоците и дејствата против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто. Уште еднаш ќе кажеме, притисок и дејство против еден активист или против една организација, претставува директен удар врз...

Здравко Савески од Левица приведен во полициската станица Пролет

Здравко Савески, член на партијата Левица, утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската станица Пролет, поради учество во протестите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, пишуваат од партијата на својот фејсбук-профил. Како што стои во информацијата од Левица, Савески „ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија на претходна постапка, со барање за определување...

Маичките „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“, нова мода на скопските улици

Сè повеќе луѓе со маички на кои пишува „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“ има на протестите кои десет дена се случуваат на скопските улици, а се организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“. „Шарената револуција“ е израз за масовните протести што десет дена се случуваат низ цела Македонија поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси. Демонстрантите како знак на незадоволство од,...

Протестите од „Шарената револуција“ ќе продолжат в понеделник

Граѓанската иницијатива „Протестирам“, која 11 дена организира протести против одлуката на претседателот Иванов да помилува 56 политичари, денеска нема да протестира. Наредниот протест ќе биде утре, со почеток во 18 часот, пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. „Соборци и соборки, поминавме уште една недела на улиците низ цела земја, здружени и одлучни во остварувањето на заедничката цел. Наместо утре, со протести...

„Шарената револуција“ ги обои лавовите на мостот Гоце Делчев

Балони со боја, кои, најверојатно, беа наменети за зградата на Уставниот суд, завршија во скулптурите лавови што се наоѓаат на почетокот на мостот Гоце Делчев. Силен полициски кордон со борбени возила и припадници на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на двете коловозни ленти на почетокот на мостот не им дозволија на демонстрантите да го поминат мостот и да стигнат до првично најавената...

„Протестирам“ вечерва пред Уставен суд

Единаесеттиот ден на протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ поради одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 политичари од судски процеси, ќе почне во 18 часот пред СЈО, а ќе продолжи пред Уставен суд. - Протестираме и денеска, гласно против режимот, здружено во целата наша шареноликост! Ако врне, понесете чадор и дојдете со нас! Во 18 часот се собираме на старо место, пред...

„Затвор не ти бега Никола“, порачаа граѓаните на протестот пред Влада

Мирно заврши и денешниот протест на граѓаните кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за аболиција. Последната дестинација на демонстрантите организирани од здружението „Протестирам“ и овојпат беше Владата, но вечерва не фрлаа со боја туку само извикуваа „Затвор не ти бега Никола“, „Мафија во робија“, „Оставка“, „Ќе одговарате“... Дел од демонстрантите нацртаа ѕвезда на тротоарот, каде што...

Се зголемува поддршката за граѓанското движење „Протестирам” во Охрид

Поддршката за граѓанското движење „Протестирам“ се зголемува и во Охрид. Вечерва, повторно и помасовно се протестираше низ охридските улици. За разлика од синоќа, кога имаше два паралелни митинзи, вечерва изостана собирањето во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Поддржувачите на „Протестирам“ повторно се собраа кај стариот охридски чинар, од каде преку градското корзо стигнаа и протестираа на...

Денеска во 14 часот, протест на Бит-пазар, во 18 пред СЈО

Денеска во 14 часот, на булеварот Крсте Петков-Мисирков, на Бит-пазар, ќе протестираат Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, Организацијата на воени ветерани на ОНА, Движењето за реформи – ДПА и НДП. Како што се вели во повикот за протест, организаторите ќе бараат владеење на правото, департизацијата на институциите и целосна еднаквост на Албанците и na Македонците. Протест...

Полицијата не дозволи „блиска средба“ меѓу двете групи демонстранти

Голем број полицајци, меѓу кои и припадници на специјалните единици беа поставени кај Соборниот храм во центарот на Скопје за да спречат можен судир помеѓу демонстрантите на „Протестирам“ и поддржувачите на ГДОМ. Откако заврши протестот пред Владата, демонстрантите од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија по булеварот Климент Охридски, каде беа спречени од полицискиот кордон бидејќи по булеварот Партизански одреди поддржувачите на...

Трет ден протести во Куманово против одлуката за аболиција на Иванов

Граѓаните на Куманово организирани од „Протестирам“, трет ден по ред излегоа на мирен протест против одлуката за аболиција на политичари од претседателот на државата, Ѓорге Иванов. Протестот почна пред зградата на Основниот суд, од каде граѓаните се упатија кон центарот на градот. На демонстрантите по пат им се придружуваат минувачи. Протестот против одлуката за аболиција, како што е планирано, ќе заврши од каде...

Димовски: Заев донесе неодговорна и деструктивна одлука

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска уште еднаш покажа колку не се грижи за иднината на Република Македонија и за нејзините граѓани, реагира Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Димовски рече дека Заев не се грижи за стабилноста и не се грижи за немирот што секојдневно го внесува помеѓу граѓаните. Според Димовски, Заев донел неодговорна...

Од вечерва и охриѓани излегуваат на протести

По примерот на поголемите градови во земјава, од вечерва на протестите им се приклучуваат и охриѓани, за да го кренат гласот за промени во државата. Денеска, според најавите на организаторите, протестот ќе почне во 18 часот, кај стариот охридски чинар. „Ние, кои протестираме низ улиците на Република Македонија во име на слободата, правдата и на еднаквоста, здружени со сите слободи и правдољубни...

„Не за преговори“, порачаа граѓаните и побараа eднаквост, правда и слобода

Во тензична атмосфера и по краток судир меѓу демонстрантите и полицијата пред зградата на Театар „Комедија“, заврши протестот на граѓанските организации. Мал инцидент се случи откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да ѝ се спротивстават на полицијата, која, според него, нема право да ги спречи граѓаните да протестираат и да го изразат својот револт бидејќи протестите се...

Тензично кај ЕУ-Инфоцентар, демонстрантите се судрија со полицијата

Демонстрантите и полицијата се судрија на булеварот Свети Климент Охридски, пред зградата на Театар „Комедија“. До инцидентот дојде откако лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, кажа дека полицијата нема право да ги сопира граѓаните да го изразат својот револт бидејќи протестот е мирен и меѓу демонстрантите нема насилници. Тој апелираше старешината да ги повлече полицајците за демонстрантите да продолжат да се...

Демонстрантите го „бојадисаа“ Министерството за правда и им лепат срциња на полицајците

Демонстрантите на денешниот граѓански протест, кој во 18 часот почна пред СЈО, фрлаа тврди предмети и ќесиња полни со боја на зградата на Министерството за правда и извикуваа „Оставка“ и „Нема правда, нема мир“. Еден од демонстрантите остави ливчиња пред секој од полицајците што ја чуваат зградата на Министерството за правда, на кое се испишани 10 прашања за секој полицаец, меѓу...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...