fbpx

Се зголемува поддршката за граѓанското движење „Протестирам” во Охрид

-

Поддршката за граѓанското движење „Протестирам“ се зголемува и во Охрид. Вечерва, повторно и помасовно се протестираше низ охридските улици. За разлика од синоќа, кога имаше два паралелни митинзи, вечерва изостана собирањето во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

Поддржувачите на „Протестирам“ повторно се собраа кај стариот охридски чинар, од каде преку градското корзо стигнаа и протестираа на плоштадот Свети Климент Охридски, а оттаму продолжија по улиците во центарот на градот.

На нивниот протест немаше говорници, туку само беа извикувани и повторувани барањата за оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што велат демонстрантите, „срамниот обид да ја спречи правдата и да ги аболира криминалците“.

Се бараше суспендирање на почнатиот процес на распишување на парламентарни избори и почнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, веродостојни и демократски избори.

На улиците и пред институциитте, особено пред зградата на Општината, имаше групи полицајци, но во помал број од синоќа.

Сите улици каде минуваше поворката со демонстранти беа блокирани со полициски возила и од припадници на полицијата, која го пренасочуваше сообраќајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...