fbpx

„Затвор не ти бега Никола“, порачаа граѓаните на протестот пред Влада

-

Мирно заврши и денешниот протест на граѓаните кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и повлекување на одлуката за аболиција.

Последната дестинација на демонстрантите организирани од здружението „Протестирам“ и овојпат беше Владата, но вечерва не фрлаа со боја туку само извикуваа „Затвор не ти бега Никола“, „Мафија во робија“, „Оставка“, „Ќе одговарате“…

Дел од демонстрантите нацртаа ѕвезда на тротоарот, каде што напишаа „Ние сме шарената ѕвезда на ЕУ“.

Граѓаните, традиционално, протестот го почнаа од пред Специјално јавно обвинителство и откако дадоа поддршка за неговата работа, се упатија кон новата зграда на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Агенцијата за млади и спорт.

На објектот тие фрлаа топки со боја и ја обоија во боите на, како што велат демонстрантите, „Шарената револуција“, што симболично означува дека „Македонија се бои со слобода и со демократија“.

На протестите изминатите денови, демонстрантите фрлаа боја и на објектите на Министерството за правда, Министерство за култура, бараките на Град Скопје, Владата и на Порта „Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...