fbpx

Од вечерва и охриѓани излегуваат на протести

-

По примерот на поголемите градови во земјава, од вечерва на протестите им се приклучуваат и охриѓани, за да го кренат гласот за промени во државата. Денеска, според најавите на организаторите, протестот ќе почне во 18 часот, кај стариот охридски чинар.

„Ние, кои протестираме низ улиците на Република Македонија во име на слободата, правдата и на еднаквоста, здружени со сите слободи и правдољубни сили во општеството под знамето на заедничката борба за ослободување од корумпираните деспоти, кои нè доведоа до работ на целосна пропаст, повторно повикуваме на масовен протест в среда, 20 април 2016 година, на платото кај Чинарот во Охрид“, се огласија организаторите.

Протестите се најавени како реакција на сите граѓаните, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели.

Организаторите ги повикаа припадниците на полициските сили да ги спуштат штитовите и да се приклучат, според нив, на вистинската страна на оваа борба.

На протестот ќе се побара оставка од претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, поради, како што велат организаторите, срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболира криминалците. Тие ќе побараат и почнување процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, кредибилни и демократски избори и која ќе го помогне, наместо да го саботира соочувањето со правдата на политичарите и на властодршците за сторените кривични и криминални дела. На протестот ќе се бара и суспендирање на почнатиот процес на распишување парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...