fbpx

„Цивил“: Апсењата мора да престанат!

-

Центарот за слобода „Цивил“ денеска најостро го осуди приведувањето на членот на президиумот на Левица, д-р Здравко Савески.

– „Цивил“ бара итно ослободување на Савески и бара да престанат притисоците и дејствата против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто. Уште еднаш ќе кажеме, притисок и дејство против еден активист или против една организација, претставува директен удар врз сите активисти и организации! Апсењата мора да престанат! – стои во реакцијата.

Савески утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската станица Пролет, поради учество во протестите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, соопшти партијата на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Како што стои во информацијата од Левица, Савески „ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија на претходна постапка, со барање за определување мерка притвор“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.