сабота, 14 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: Здравко Савески | 23 резултати

Левица: Манипулатор го поднесе предлогот до судот да се повлечеме од изборите

27 ноември 2016

Жарко Петрески од Скопје, кој се претставува како основач и член на Левица, до Основниот суд Скопје 2 поднел предлог за донесување привремена мерка за забрана за оваа партија да учествува на престојните предвремени парламентарни избори во декември. Здравко Савески, член на президиумот на Левица, за „Мета“ вели дека човекот што има поднесено предлог за […]

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

25 октомври 2016

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември. Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ. „Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов […]

Левица: Партиите да формираат кордон за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

25 октомври 2016

Партијата Левица даде предлог за формирање експлицитен кордон околу ВМРО-ДПМНЕ за изолација на партијата, бидејќи, како што велат од Левица, таа е креатор на владејачки политики 10 години и со тоа ја упропастува Македонија. – Потребно е сите опозициски партии, вклучително и партиите од албанскиот блок, да кажат експлицитно на јавноста и да потпишат заеднички […]

Савески: Левица ќе оди на избори сама оти сите од опозицијата нè игнорираа

19 октомври 2016

Партијата Левица на централен комитет донела одлука самостојно да настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницијатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица. – На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по […]

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

13 септември 2016

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува […]

„Шарената револуција“ порача: Сакаме еднаквост, правда и ново сонце на слободата

15 јуни 2016

„Нема да престанеме сè додека оваа власт не падне. Не сакаме силни влади, туку силни институции, судови кои праведно ќе судат, студенти кои ќе добијат добро образование и ќе се вработуваат без да биде важно дали некој е за ВМРО, СДСМ или за некој трет“, рече поранешниот аммбасадор на Македонија во САД и Холандија, Никола […]

Левица: Сите министри да го следат примерот на Ставрески

15 јуни 2016

Партијата Левица на денешната прес-конференција побара од другите министри да го следат примерот на Зоран Ставрески и да си поднесат оставки, со што ќе создадат пат за преодна експертска влада која ќе создаде услови за фер и демократски избори. – Благодарност до сите граѓани што ни дадоа поддршка за време на куќниот притвор. Нè чека […]

Нема поголем фашизам од сиромаштијата, порачаа демонстрантите

10 јуни 2016

Целата улица пред Собранието беше обоена во боите на „Шарената револуција“ која денешниот протест му го посвети на Дарко Марковиќ, авторот на стрип-јунакот Пецко. На протестот говореше новинарот Бранко Героски кој наместо едноминутно молчење во чест на Дарко Марковиќ побара присутните да му оддадат почит со громогласен аплауз. – Дарко Марковиќ беше редок интелект и […]

Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски

10 јуни 2016

Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април. Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, […]

Денеска ќе се протестира пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

10 јуни 2016

„Шарената револуција“ денеска, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење е закажано за денеска, а беше одложено трипати. „45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон […]

Утре протест пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

9 јуни 2016

„Шарената револуција“ утре, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење беше одложено трипати, а закажано е за утре. „45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно […]

Левица: Апелациониот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

31 мај 2016

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски. – Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка […]

Судењето на Савески и Куновски одложено, адвокатите сè уште не го добиле вештачењето

19 мај 2016

Судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се товарат дека учествувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, на протестот од 13 април, е повторно одложено, бидејќи адвокатите на обвинетите не го добиле вештачењето за висината на штетата, кое е одамна изготвено. Недоставеното вештачење, како што пренесува „Академик.мк“, е […]

Продолжен куќниот притвор на Савески и на уште двајца демонстранти за нови 30 дена

28 април 2016

За нови 30 дена им е продолжен куќниот притвор на членот на президиумот на Левица, професорот Здравко Савески, и на уште двајца демонстранти приведени по протестите во Скопје против одлуката за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници што ја донесе претседателот, Ѓорге Иванов, објави „СДК“. На Савески, Владимир Куновски, кој е член на Левица, […]

Домашен притвор за членовите на Левица

25 април 2016

На приведените двајца членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куноски, попладневно судот им одредил мерка домашен притвор и одземање на пасошите. Сепак, иако веќе не се во полициска станица, одредена е мерка куќен притвор и за Здравко, и за Владимир. #Протестирам #Protestoj — #Протестирам (@protestiram) April 25, 2016 Од судот потврдија дека судија на претходна […]

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

25 април 2016

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, […]

Левица: Приведувањето на Савески е обид сите да нè исплашат

25 април 2016

Приведувањето на Здравко Савески, член на президиумот на партијата Левица, е отворен прогон на членовите на партијата, кој доаѓа по најавите на некои од провладините движења за забрана и за укинување на политички партии и на граѓански здруженија, рекоа од Левица на денешната прес-конференција пред Кривичниот суд во Скопје. Од партијата велат дека Савески е […]

„Цивил“: Апсењата мора да престанат!

25 април 2016

Центарот за слобода „Цивил“ денеска најостро го осуди приведувањето на членот на президиумот на Левица, д-р Здравко Савески. – „Цивил“ бара итно ослободување на Савески и бара да престанат притисоците и дејствата против активистите за човекови права и против граѓанското општество воопшто. Уште еднаш ќе кажеме, притисок и дејство против еден активист или против една […]

Здравко Савески од Левица приведен во полициската станица Пролет

25 април 2016

Здравко Савески, член на партијата Левица, утрово бил повикан на информативен разговор, а потоа и приведен во полициската станица Пролет, поради учество во протестите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, пишуваат од партијата на својот фејсбук-профил. Како што стои во информацијата од Левица, Савески „ќе биде одведен пред јавен обвинител и судија на претходна постапка, […]

Страна 1 од 1