fbpx

Трамп: Акцијата на Круз и на Кејсик е безнадежна

-

Кандидатот за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, ја оцени одлуката на своите противкандидати, Тед Круз и Џон Кејсик, како „безнадежна“.

„Леле, штотуку е соопштено дека Тед лажгото и Кејсик се обединиле во обид да ме спречат да ја добијам кандидатурата“, напиша Трамп на „Твитер“.

Штабовите на кандидатите за републиканската номинација, Круз и Кејсик, синоќа објавија дека почнуваат заедничка стратегија.

Круз ќе ги фокусира своите ресурси на победа во Индијата, додека Кејсик на западните држави, меѓу кои се Орегон и Њу Мексико.

Трамп води во трката, но мора да обезбеди поддршка од 1.237 делегати. Ако не успее во тоа, републиканците на конвенција можат да изберат и други кандидати, вклучително и тие што не учествувале во трката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...