четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: републиканци | 27 резултати

САД во застој: Првото затворање на владата од 2018 по неуспехот на буџетскиот предлог

октомври 1, 2025

Затворањето на американската влада е предизвикано откако рокот за постигнување договор за финансирање пред почетокот на новата фискална година, на 1 октомври, дојде и помина без договор, пренесува Гардијан. Демократите и републиканците луто се обвинуваа меѓусебно и одбија да се повлечат од своите позиции додека земјата се приближуваше кон крајниот рок по полноќ, не можејќи […]

Бајден ги повика Американците да ја стивнат агресијата по нападот на Трамп

јули 15, 2024

Пo нападот на Доналд Трамп, претседателот Џо Бајден испрати јасна порака до американскиот народ дека е потребно да ги отфрлат сите форми на политичко насилство, со цел да се усмери патот кон мирно решавање на разликите за претстојните претседателски избори кои според него ќе бидат „време на тестирање“. Тој додаде дека зголемените политички страсти не […]

Вашингтон Пост: Европските партнери на САД стравуваат дека изборите може да ја секнат поддршката за Украина

октомври 27, 2022

Сојузниците на САД во Европа стануваат сѐ позагрижени дека заедничкиот фронт на Западот насочен против руската инвазија на Украина би можел бргу да се намали ако Републиканците победат на парламентарните избори следниот месец, со што би му се овозможила предност на рускиот претседател Владимир Путин токму во времето кога Украина остварува напредок на бојното поле, […]

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

јули 31, 2020

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. – Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено […]

Трамп: Демократите ми дадоа „убав подарок“ за првиот јубилеј како претседател

јануари 20, 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите заради тоа што американската влада е во финансиска блокада. -Демократите се многу позагрижени за илегалните мигранти отколку што ги загрижува нашата војска или безбедноста на нашата јужна граница – напиша Трамп на „Твитер“. Тој потенцираше дека „лесно можеле да се договорот, но дека одлучиле да одат на блокада“. […]

Директорот на ФБИ ги отфрли нападите на Трамп

декември 7, 2017

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ), Кристофер Реј, ги отфрли нападите на претседателот на САД, Доналд Трамп, наведувајќи дека „нема пофина институција од ФБИ“, јавуваат светските агенции. Реј денеска сведочеше пред правосудниот совет на Претставничкиот дом на САД, додека демократите и републиканците се расправаа околу важноста на нападите на Трамп упатени кон федералната полиција. […]

Трамп го нападна лидерот на републиканците во Сенатот поради „Обамакер“

август 10, 2017

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска остро го критикуваше лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, поради неуспехот во укинувањето на законот за здравствена заштита (Обамакер) и донесувањето нов закон, јавуваат американските медиуми. Трамп го обвини Меконел дека е виновен за неуспехот на републиканците, кои имаат мнозинство во Сенатот, да го укинат законот за здравствена […]

Уште еден неуспешен обид на републиканците да го повлечат „Обамакер“

јули 28, 2017

Американскиот Сенат, во кој републиканците се мнозинство, повторно го отфрли предлогот за повлекување на законот на поранешниот претседател Барак Обама, „Обамакер“. Републиканеците Џон Мекејн, Сузан Колинс и Лиса Мурковски гласаа против отфрлањето на законот за здравствена заштита што го воведе претходниот американски претседател. Предлогот е отфрлен со 51 спрема 49 гласа. Ова е трет неуспешен […]

Нова шлаканица за Трамп – републиканците го спасија „Обамакер“

јули 27, 2017

Американскиот Сенат, во кој републиканците имаат мнозинство, го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп да се повлече Законот за здравствена заштита (познат како Обамакер) на поранешниот претседател Барак Обама. Седум републиканци синоќа им се приклучија на демократите во Сенатот и предлогот е отфрлен со 55 гласа на спрема 45 гласови „за“. Ова е вторпат неделава […]

Пропадна обидот на републиканците да го заменат „Обамакер“

јули 26, 2017

Републиканците во Сенатот на САД не успеаја да ги соберат неопходните 60 гласови за целосна или делумна замена на Законот за здравствена заштита (Обамакер). Сенатот го отфрли предлог-законот со 43 гласа „за“ и 57 „против“, од кои девет гласа беа од редовите на републиканците. Сенаторите гласаа за отворање дебата за новиот републикански закон за здравствена […]

Републиканците и демократите постигнаа договор за санкции кон Русија

јули 23, 2017

Претставници на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес објавија дека постигнале договор за широк пакет санкции кон Русија. Како што се наведува, целта на тој пакет санкции е Москва да биде казнета за наводното мешање во минатогодишните претседателски избори во САД и заради руската воена агресија во Украина и во Сирија. Конгресменот на […]

РТЛ: Макрон и Жипе постигнаа договор за формирање влада

мај 13, 2017

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон и еден од лидерите на конзервативната партија на републиканците (ЛР), Ален Жипе, вчера постигнале договор за формирање нова влада на Франција, јави радиото РТЛ. Владата, која би била формирана в понеделник, ќе биде предводена од актуелниот градоначалник на Авр, републиканецот Едуар Филип. Таа би ја водела земјата до предвремените парламентарни избори […]

Трамп и републиканците не успеаја да ја воведат замената за „Обамакер“

март 25, 2017

Републиканските лидери во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ненадејно го повлекоа нацрт-законот за реформи во здравствениот систем поради недоволен број гласови. Претседателот на Претставничкиот дом, Пол Рајан, го повлекол предлог-законот од дневниот ред, откако Трамп побарал од него да ја запре расправата и гласањето за спорниот предлог-закон. За новиот закон беа потребни 216 гласови од […]

Уништено локално седиште на републиканците во САД

октомври 17, 2016

Локалното седиште на Републиканската партија во Јужна Каролина е уништено во текот на ноќта откако бил фрлен молотов коктел, соопштија властите во градот Хилсбороу и додадоа дека немало жртви. Молотовиот коктел е фрлен низ прозорецот, додека напаѓачите на соседната зграда испишале графит „Републиканците се нацисти. Напуштете го градот“. Локалниот републикански претставник, Далас Вудхаус, изјави дека […]

Апсења во Кливленд поради обид за палење на американско знаме

јули 21, 2016

Полицијата во Кливленд уапси 18 лица по кошкањето со демонстрантите, кои синоќа се обидоа да запалат американско знаме во близина на влезот на арената каде се одржуваше конвенцијата на републиканците, соопштија властите. Инцидентот се случил синоќа, а двајца уапсени се обвинети за напад на полицаец кој се обидел да им го одземе знамето, соопшти шефот […]

Трамп и официјално е претседателски кандидат на републиканците

јули 20, 2016

Доналд Трамп сега и официјално е кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, јави „Си-ен-ен“, пренесувајќи ги резултатите од гласањето на републиканската конвенција. Трамп освои доволен број делегати за номинација и убедливо е во предност во однос на Тед Круз. Трамп засега има повеќе од 1.720 делегати, со што ја мина долната граница, односно […]

Хилари Клинтон со убедлива победа во Вашингтон

јуни 15, 2016

Поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, победи на последните внатрепартиски избори на демократите во Вашингтон и сега подготвено ќе ја чека партиската конвенција, која треба да се одржи кон крајот на јули во Филаделфија. На конвенцијата Клинтон и официјално треба да ја добие номинацијата за кандидат за претседател на САД на Демократската партија. Клинтон […]

Трамп ги повика републиканците на единство

јуни 12, 2016

Извесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, ги повика републиканците на единство. Тој ги предупреди дека нивните места во Конгресот би можеле да бидат во опасност ако не го поддржат. Обраќајќи се на илјадници луѓе на митингот во Тампа, Флорида, Трамп го нарече Мит Ромни, претседателскиот кандидат на републиканците на претходните […]

Кејсик се откажа, Трамп останува републикански кандидат за претседател

мај 5, 2016

Милијардерот Доналд Трамп обезбеди републиканска номинација за претседателски кандидат, јавуваат американските медиуми. Сенаторот од Охајо, Џон Кејсик, одлучи да се повлече од трката, што значи дека Трамп повеќе нема партиски противкандидати, пишува „Би-би-си“. Во редовите на републиканците, по објавата на веста настана општ хаос, па многумина на социјалните мрежи порачаа дека ќе се откажат од […]

Тед Круз се повлече од трката за номинација за републикански кандидат за претседател

мај 4, 2016

Сенаторот од Тексас, Тед Круз, кој се бореше за номинација на републиканците за кандидатура за претседател на САД, објави дека се повлекува од трката за Белата куќа по победата на милијардерот Доналд Трамп на внатрепартиските избори во државата Индијана. – Со огромно жалење соопштувам дека ја прекинувам кампањата – изјави Круз пред своите приврзаници во […]

Страна 1 од 2