fbpx

Трамп ги повика републиканците на единство

-

Извесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп, ги повика републиканците на единство.

Тој ги предупреди дека нивните места во Конгресот би можеле да бидат во опасност ако не го поддржат.

Обраќајќи се на илјадници луѓе на митингот во Тампа, Флорида, Трамп го нарече Мит Ромни, претседателскиот кандидат на републиканците на претходните избори, „камено ладен губитник“ затоа што не го поддржа.

Трамп рече дека Републиканската партија мора да се организира и заедно да дејствува за да победи на претседателските избори, осудувајќи ги републиканците во Сенатот кои се противат на неговата кандидатура.

– Републиканската партија мора да биде цврста и паметна. Ако не биде, јас ќе победам, но многу други луѓе ќе изгубат – рече Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...