fbpx

Маичките „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“, нова мода на скопските улици

-

Сè повеќе луѓе со маички на кои пишува „Шарената револуција“, „Протестирам“ и „СЈО“ има на протестите кои десет дена се случуваат на скопските улици, а се организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“.

„Шарената револуција“ е израз за масовните протести што десет дена се случуваат низ цела Македонија поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари од судски процеси.

Демонстрантите како знак на незадоволство од, како што велат, „криминалите на власта“, фрлаат со боја кон објектите од проектот „Скопје 2014“, поради што протестите го добија името „Шарената револуција“.

Како знак на поддршка за ова движење, дел од демонстрантите носат и маички на кои е испишан и хаштагот „Протестирам“, преку кој на „Твитер“ се споделуваат новости од протестите.

И за работата на Специјалното јавно обвинителство, каде секој ден почнуваат протестите, во знак на поддршка, граѓаните носат маички на кои е напишана скратеницата „СЈО“ и на кои се гледаат силуетите на обвинителките Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи.

На протестите граѓаните носат и транспаренти инспирирани од прес-конференциите на СЈО, како „Но пасаран“, „Не постои совршено злосторство“, „Правдата ќе ве стигне сите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...