fbpx

Падна скелето, ама Владата уште се држи!

-

Скелето поставено пред Владата се урна под налетот на силниот ветер и дожд. Нема повредени помеѓу припадниците на полицијата кои стоеја од другата страна на оградата во непосредна близина на скелето.

Насобраната маса народ веднаш се стрча кон оградата, но откако забележа дека припадниците на безбедносните сили се во добра состојба, почна да извикува „Пада влада“ и „Ружна ви е владата“.

По инцидентот, насобраните демонстранти ја напуштија улицата пред зградата на Владата, а силниот ветер и дождот не ги спречија да побараат оставка и да порачаат „Затвор не ти бега Никола“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.