fbpx

„Шарената револуција“ ја обои и зградата на МНР

-

Демонстрантите на денешниот протест против одлуката на Иванов да помилува политичари, ја обоија и зградата на Министерството за надворешни работи во боите на „Шарената револуција“ која, како што велат, означува боење на Македонија во боите на слободата и на демократија.

Граѓаните со чадори ги штитеа полицајците што ја чуваа зградата на МНР за да не им се обојат нивните штитови и униформи.

Протестот почна во 18 часот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, по што продолжи пред Собранието.

Бранимир Јовановиќ од Левица на насобраните граѓани пред Собранието им порача дека демонстрантите се како тврд орев бидејќи ако власта се обиде да ги скрши, „тие ќе им ги скршат забите“.

– Оние кои местеле избори и прислушувале се аболирани, а оние кои протестираат против оваа неправда се во куќен притвор. Но, неправдата нè здружува да протестираме. Тоа што власта влегува од грешка во грешка, зборува дека е во паника – изјави Јовановиќ.

Пред насобраните граѓани зборуваше и поранешниот функционер на тајните служби и професор во пензија Иван Бабановски, кој на полицајците им порача да ја чуваат Македонија од криминалот на оваа власт, а не да штитат криминалци.

Поддршка на денешниот протест даде и пејачката Кристина Арнаудова, која рече дека протестира во името на своите деца за да живеат во подобра држава, во името на сите нејзини пријатели што заминале од земјата, за оние што заради работното место молчат, како и во името на своите колеги бидејќи, како што рече, политичките тезги се најскапо платени.

На почетокот на протестот пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, пристигнаа и претставници од Сојузот на борци на НОБ, кои ја запалија фотографијата на претседателот Иванов.

Од пред зградата на МНР, демонстрантите се упатија пред Влада извикувајќи „Оставка“, „Убијци“, „Робија“, „Нема правда нема мир“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...