fbpx

СДСМ: Бакрачески и директорите вршат притисок вработените да не излегуваат на протести

-

Во Охрид вечерва, третпат, граѓаните ќе го искажат својот револт, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“.

Во пресрет на вечерашниот протест, од општинската организација на СДСМ излегоа со обвинување дека градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во јавните и во државните институции, како болници, детска градинка, училишта и слично, вршат силен притисок врз вработените да не излегуваат на протестите.

„Многу од вработените се прераспределни и им се закануваат со отказно решение. Демократска Македонија најостро го осудува ваквиот однос кон граѓаните и бара веднаш да бидат повлечени сите одлуки со кои се прераспределени и се деградирани вработените. Секое попречување на правата на вработените да ја изразат слободно својата волја и определба се сметаат за притисок на работно место, кој според законот претставува кривично дело“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...