fbpx
Таг: Никола Бакрачески

таг: Никола Бакрачески

Рочиштето за „Таргет“ и „Тврдина“ одложено за 17 јануари

Судењето за случајот „Таргет“ и „Тврдина“ на СЈО денеска се одложи за 17 јануари следната година бидејќи не беше присутен Миле Петровски, еден од адвокатите на Сашо Мијалков и на Гордана Јанкулоска. Како што кажа судијката, Ленка Давиткова, Петровски го известил судот пред два дена дека не може да дојде бидејќи ќе присуствува на рочиштето за случајот „Труст“, за кој...

Заев најави решение за проблемот со колекторот за прочистување на Охридско Езеро

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, доцна вчера попладнето имал одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун, и со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на кои било разговарано за финансиските и за проблемите со колекторот за прочистување на Охридско Езеро. „Еден од заедничките проблеми за кои стана збор на оваа средба се проблемите...

Еколозите и властите со различни толкувања на ставовите на мисијата на УНЕСКО во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, ги обвинува еколошките асоцијации дека намерно шират паника и невистини околу можното симнување на Охрид од листата на светските вредности и реткости на УНЕСКО. - Се чини дека некои структури се задолжени и од петни жили се борат Охрид да го изгуби статусот на заштитен град на УНЕСКО, многу повеќе отколку што привидно се загрижени...

Бакрачески ги обвини еколозите дека создаваат погрешна слика за да го нема Охрид во УНЕСКО

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на еколошките асоцијации им припиша политичка пристрасност и обвини дека создаваат погрешна слика за состојбата со заштитеното природно и културно наследство во охридскиот регион, пред телата на УНЕСКО. - Состојбата е далеку од тој аларм кој сакаат во јавноста да го прикажат некои асоцијации. Истите тие се премногу исполитизирани и имаат преголемо политичко влијание, а...

Египќаните во Охрид не даваат поддршка на ниту една политичка опција

Здружението на Египќани „Пирамида“ од Охрид нема да даде поддршка за ниту една политичка опција, пренесе порталот „Охрид њуз“. - Денес, за жал, Египќаните се наоѓаат на крстосница помеѓу високата демократија, уставот и законските одредби и меѓу одредени политички субјекти и структури кои си земаат право да нè закочат во остварувањето на правата што ни ги гарантира Уставот. Тоа најчесто се...

СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот Бакрачески

Со наближување на денот на изборите и на промените за кои верува дека ќе се случат во Македонија, СДСМ му ги бара ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, сè повеќе доаѓа до израз. Охриѓани знаат што сè вети Бакрачески, а во својот мандат ништо не исполни....

СДСМ: Бакрачески и директорите вршат притисок вработените да не излегуваат на протести

Во Охрид вечерва, третпат, граѓаните ќе го искажат својот револт, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Во пресрет на вечерашниот протест, од општинската организација на СДСМ излегоа со обвинување дека градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и директорите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во јавните и во државните институции, како болници, детска градинка, училишта и слично, вршат силен притисок врз вработените да не излегуваат на...

Градоначалникот Бакрачески со отчет пред граѓаните на Охрид

Со обемна илустрирана публикација на 200 страници, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, даде отчет за сработеното на локалната самоуправа во текот на изминатите три години. - Успешно го трасиравме патот за финансиска консолидација на општината и покажавме дека децениската сага за долгот на Општина Охрид на подолг рок може да има успешна разврска. Со искрен и чесен пристап, домаќинско работење и...

СДСМ: Политиките на Груевски од Охрид направија лидер во иселувањето на младите

„Политиките на поранешниот премиер Никола Груевски и виртуелните проекти на актуелниот градоначалник Никола Бакрачески, го ставија Охрид на првото место по бројот на иселени млади луѓе, според податоци на Заводот за статистика за 2015 година. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Груевски не направија ништо за охриѓани. Тие мислат само на своите џебови и на личното богатење“, обвинија од СДСМ. Криминалот...

Претстојните празници се продолжение на успешната туристичка сезона во Охрид

Локалната самоуправа од Охрид ветува одлична празнична забава, на отворено, на градскиот плоштад Св. Климент Охридски, за новогодишната ноќ. Меѓу другото, ќе настапат музичките ѕвезди Викторија Лоба и Боби Мојсовски, ансамблот „Билјана јуниор“ и групата „Компас бенд“. За украсување на градот ќе бидат потрошени 1.180.000 денари. За дочекот на Нова година, со целокупната програма, вклучувајќи ги и естрадните уметници, ќе бидат потрошени...

Охридскиот Црвен крст добитник на наградата „Свети Климент Охридски – патрон на Охрид“

Неколкудневното чествување на свети Климент Охридски, патронот на градот Охрид, завршува вечерва со свечената академија во Центарот за култура „Григор Прличев“. Свеченоста ќе почне со химната за свети Климент од Димитар Масески, во изведба на хорот при ОСУ „Св. Климент Охридски“, а потоа пригодно обраќање ќе има градоначалникот Никола Бакрачески. Беседа за великото дело на светецот ќе одржи проф. д-р Кирил...

Мисајловски: Санирани 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско

„Санирани се 95 отсто од штетите од поплавите во Охридско. Во акцијата координирано дејствувале механизацијата обезбедена од Општина Охрид, заедно со механизацијата што ја испрати Градот Скопје, како и приватни фирми“, изјави денеска во Охрид министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, при обиколка на поплавените подрачја во охридскиот регион. - За само 12 часа можам да констатирам дека 95...

СДСМ: Не се остваруваат ветените проекти и ова не е успешна туристичка сезона

Ниту се остваруваат ветените проекти, ниту е ова успешна туристичка сезона, порача од денешната прес-конференција претседателот на охридските социјалдемократи, Томислав Тунтев. – Вистината и реалноста се поразителни. За 28 месеци, градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од тие што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Дополнително, годинешната летна сезона...

Кајчарите се вратија во водите на Охридско Езеро

Охридското Езеро од денеска си го врати препознатливиот лик, разбранувано од мноштво кајчиња и од поголеми пловила, кои ги превезуваат туристите на кратки разгледувања до најблиските дестинации, како што се Канео, Инекс-Горица, Свети Стефан и натаму кон туристичката населба Пештани. Кајчарите се вратија да ги превезуваат патниците откако во локалната самоуправа имаа средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како...

Премиерот Груевски денеска ќе пушта пат и водовод во Елшани

Претседателот на Владата, Никола Груевски, и охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески, денеска, свечено, ќе го отворат новиот асфалтиран пат и ќе го пуштат во употреба новиот водоводен систем во надезерското село Елшани. Реконструкцијата на патната делница, од автокампот Елешец на меѓународниот пат Охрид - Свети Наум до Елшани, е во должина од 2.258 метри. Вкупната вредност на проектот е 7,6 милиони денари,...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...