fbpx

Денеска протести во Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и во Радовиш

-

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска тринаесетти пат пред зградата на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот ќе организира протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 политичари.

Освен во Скопје, протести ќе се одржат и во Тетово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и во Радовиш.

Во Тетово протестот ќе почне во 19 часот пред зградата на Основниот суд.

„Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки на Тетово, градот на мирот и на соживотот, заедно гласно да го искажеме нашиот став и да ја пратиме пораката како и нашите другари и другарки од целата држава. Мирниот протест ќе почне во 19 часот пред зградата на Основниот суд во Тетово. Повикуваме на масовност. Тетово не смее да молчи. Никој не смее да молчи. Ова е клучен момент“, се вели во најавата за протестот.

Во Кичево ќе се протестира во 18 часот пред Основниот суд, во Радовиш во 19 часот на плоштадот Свети Спасо Радовишки, во Прилеп во 19 часот од Камената бина во центарот на Прилеп, а во Охрид во 18 часот кај Чинарот.

Битолското движење денеска организира протест во 19 часот на плоштад Магнолија, од каде повикуваат на мирни и ненасилни протести против криминалот и неправдата.

„Во овој момент на Битола ѝ треба натпартиска енергија која ќе нè обедини и ќе ги сплоти сите битолчани против неправдата која им се случува како на личен, така и на општествен план. Напоменуваме дека секој незадоволен битолчанец, кој ќе биде присутен на протестните собири, ќе може да се обрати на мегафон кон присутните и кон институциите на системот, искажувајќи ги својот револт, бес и незадоволство од состојбата во која се наоѓа нашиот град“, се вели во фејсбук-најавата на битолското движење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...