Украина ја одбележува 30-годишнината од катастрофата во Чернобил

-

Украина денеска ја одбележува 30-годишнината од катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил. Одбележувањето почна рано утрово, со симболично огласување на сирените во исто време кога на 26 април 1986 година се случила првата експлозија во нуклеарниот реактор.

Несреќата во централата и топењето на реакторите во Чернобил остануваат запаметени како најтешката нуклеарна катастрофа во историјата на човештвото.

Неконтролираната реакција го разнела покривот на централата, исфрлајќи облак од радиоактивен материјал кој се рашири надвор од границите на Украина, во Русија, Белорусија и низ поголемиот дел на Источна Европа.

Роднини на загинатите во катастрофата запалија свеќи и одржаа бдеење во неколку цркви низ земјата, вклучувајќи ги и главниот град Киев и Славутич, град изграден за сместување на работниците од Чернобил.

Дел од поранешните жители на Чернобил денеска ја посетуваат напуштената и обрасната со шуми област во близина на централата.

„Едвај си го најдов станот, кој сега е шума – дрвја растат низ патеките и на покривите. Сите соби се празни, стаклото го нема од прозорците и сè е уништено“, изјавила 66-годишната Зоја Перевошченко за светските агенции.

Нивото на радиоактивност и понатаму останува високо во околната Чернобил. Голем број бебиња сè уште се раѓаат со тешки деформитети, а невообичаено висока стапка луѓе имаат ретки форми на рак.

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти, објави Њујорк...

Британска амбасада: Почеток на нова ера во односите меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија

Со потпишувањето на новото партнерство Влада со Влада, денес започнува нова ера во односите помеѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, соопшти Британската амбасада во Скопје. Како што велат од таму, партнерството...

Зеленски разговарал со Сиљановска Давкова за самитот Украина – Југоисточна Европа во Одеса, не е јасно дали таа ќе учествува

Украина го подготвува четвртиот Самит „Украина – Југоисточна Европа“, кој годинава е планирано да се одржи во Одеса, Украина. За таа цел украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со...

Македонија потпиша договор за економска соработка со Обединетото Кралство

На 22 мај 2025 година, во Лондон, вицепремиерот Александар Николоски, во име на Владата на Република Северна Македонија, го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка со Обединетото...

Шок на Харвард по забраната за упис на студенти од странство

Страв и конфузија завладеа на Харвард, еден од најпрестижните универзитети во светот, откако администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп објави дека повеќе нема дозвола да запишува меѓународни студенти,...