fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

„Цивил“: Преговори може, но со повеќе партии и граѓански организации

Центарот за слобода „Цивил“ ја поздравува иницијативата да се продолжат преговорите за надминување на политичката криза, овојпат во Виена. Во соопштението што го испратија до медиумите, од невладината организација велат дека со оглед на неуспехот на преговорите што се водеа и досега, неисполнувањето и опструкцијата на спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза, продолжувањето на преговорите мора да добие поинаков...

Денеска ќе се протестира во Скопје, Кочани, Битола и во Прилеп

По седми пат, денеска граѓаните ќе излезат на протест за да бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и услови за фер и демократски избори. И денешниот протест во Скопје ќе почне во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, како симболична поддршка за обвинителите, а маршутата на движење сè уште е непозната. За денеска, освен во Скопје, официјално протести се најавени во...

Полицијата спречи средба на двете групи демонстранти во Штип

Речиси во исто време во центарот на Штип тргнаа две групи демонстранти. Првата од пред зградата на Основниот суд, со извиците „Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Затвор за криминалците“, преку Трговскиот центар се упати кон општинската зграда. Попатно им се придружуваа минувачи, со што се зголемуваше бројот на демонстранти. Тие бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и сметаат дека со одлуката...

Вечерва два протести во Штип

По најавата на ГДОМ дека и тие вечерва ќе протестираат, од мрежата на граѓански организации „Протестирам“ од Штип велат дека нивниот протест ќе се одржи како што е планиран. Протестот на ГДОМ е закажан еден час по почетокот на најавениот протест на „Протестирам“. За разлика од Битола, каде граѓанскиот протест го заменија со герила-акција, во Штип протестот ќе се одржи како...

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во Виена, СДСМ ќе се консултира со партиите и со невладините организации

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на состанокот на лидерите на четирите најголеми партии од Македонија за излез од кризата, што в петок во Виена го планира меѓународната заедница. Од  партијата потврдуваат дека ја добиле поканата што тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, ја упатиле до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на СДСМ, Зоран Заев, на ДУИ, Али Ахмети, и на...

Фармерот Душко Илиевски на распит во полиција оти протестирал

Поранешниот фармер од „Сведмилк“, Душко Илиевски, денеска бил повикан телефонски на распит во полиција по синоќешниот протест на граѓаните за оставка на градоначалникот Владимир Талески. Илиевски и земјоделец од селото Егри, Гоце Талевски, велат дека синоќа биле тепани со пендреци од полицијата, откако се обиделе со кренати раце и со туркање да влезат во општинската зграда. Со видливи повреди по рацете и...

Денеска ќе се протестира во Скопје, Штип и во Битола

По еден ден пауза, демонстрантите денеска во 18 часот повторно се враќаат на улица. Денешниот протест ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство, но сè уште не се знае каква ќе биде маршутата по која ќе се движат демонстрантите. Протести за денеска се најавени и во Штип, Кочани и во Битола. Протестот во Штип ќе се почне во 18 часот, пред...

Граѓанското движење „Протестирам“ ќе продолжи со протести в понеделник

Граѓанското движење „Протестирам“, кое пет дена по ред организираше протести во кои граѓаните бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов поради одлуките за аболиција, денеска нема да протестира. Следниот протест го закажуваат за утре, со почеток во 18 часот. Местото на собирот дополнително ќе биде соопштено. - Соборци и соборки, изминативе денови беа интензивни и напорни, но и охрабрувачки. Наместо денеска, со протести...

Протестот заврши без поголеми инциденти со најава за нови масовни собири

Неколку илјади демонстранти што протестираа поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да аболира лица осомничени за криминал, по едночасовно скандирање „Оставка“ и „Кого браните“ во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, мирно го завршија денешниот протест. Приодот кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, кај зградата Палома бјанка, беше блокиран од полициски кордон. Демонстрантите освен скандирањата пееја: „Целата фамилија, држава растурија, крвници, убијци, ајде в...

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција. Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“ и „Поддршка за СЈО“. Демонстрантите од СЈО се упатија кон Собранието на РМ, каде има неколку...

Демолирана канцеларијата на Иванов, полицијата ги гони демонстрантите низ градот

Граѓаните што протестираат против одлуката на претседателот на Ѓорге Иванов за помилување на политичарите, од Собранието повторно се вратија пред народната канцеларија на претседателот и со камења го демолираа објектот. Откако ги искршија сите стакла на објектот, демонстрантите влегоа во канцеларијата и ги искршија и компјутерите, масите и столовите. Тие извикуваат „Нема правда, нема мир“. Полицијата ги блокираше сите приоди кон штабот на...

Демонстрантите фрлија димна бомба пред народната канцеларија на Иванов

Групата демонстранти пристигна пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на градот и канонада од јајца завршија врз стаклата на објектот. Демонстрантите фрлија и димна бомба која не предизвика никаква материјална штета. Кон канцеларијата, граѓаните фрлаа и камења. Полицијата не дозволува демонстрантите да се доближат до објектот. Неколку стотици граѓани втор ден протестираат против одлуката на претседателот да ги помилува политичарите за кои...

Битолчани на протест против аболирањето на градоначалникот Талески

Неколку илјади битолчани во моментов се пред вратите на локалната власт на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да го аболира градоначалникот Владимир Талески. На чело на демонстрантите стои битолската опозиција, која пред кратко време се обиде покрај полициското обезбедување да влезе во општинската зграда. Благојче Котевски, советник од опозицијата, вели дека се собрале со голем револт против одлуката на Иванов да...

Средношколци испратиле претставки до Народниот правобранител

Средношколци анонимно се жалеле до Народниот правобранител за притисоци и за закани од раководствата на училиштата, објави „24 Вести“. Како што велат од канцеларијата на омбудсманот, претставките од средношколците се затоа што децата биле попречени да одат на протест. Правобранителот Иџет Мемети вели дека ќе ги разгледа претставките и ќе отвори постапки. „Новите законски решенија во образованието мора да се носат заедно...

Доста е од загубени животи по булеварите и во болниците, порачаа граѓаните пред Владата

„Тодоров оставка“, „Оди си Никола“, „Стоп за диктатурата“ и „Секој ден во 6“, извикуваа граѓаните на протестот под мотото „Доста е“, пред Владата и ги повикаа надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. - Она што го почнавме на 5 мај, мора да го продолжиме бидејќи нашите барања не се исполнети. Сведоци сме на распад на...

Од денеска, секој ден во 18 часот, протести „Доста е“ пред Владата

Почнувајќи од денеска, секој ден, во 18 часот, пред Владата ќе се одржува протест под мотото „Доста е“. Граѓаните ги повикуваат надлежните да преземат одговорност за загубените животи по булеварите и во болниците. „Доста беа сериски убиства по болниците и на улиците! Имаме право на живот, имате одговорност за оставка. Еден живот завршен на пешачки премин на зелено, друг од страна...

Борко – кучето демонстрант – конечно си најде дом

Неформалната иницијатива на „Фејсбук“, „Да му најдеме дом на Борко – кучето што протестира“, денеска на страницата на „Фејбук“ напиша дека кучето си најде дом, надвор од Скопје. „Драги пријатели, ве информираме дека Борко е вдомен во прекрасно семејство! Жалиме што мораше да биде вдомен надвор од Скопје, но тука, колку и да беше сакан, постоеја луѓе што сакаа да му...

Граѓани со марш побараа правда за мигрантите

Стотина граѓани на повик на неформалното движење „Протестирам“ излегоа на солидарен марш кој почна пред Владата, преку Бит-пазар и заврши пред Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, каде се сместени стотици мигранти, пренесува „Радио МОФ“. Активистите на арапски и на македонски јазик, пред оградата на центарот, ги читаа основните човекови права. - Знаеме дека спиете на под, дека немате топла вода. Ги знаеме...

Граѓаните и по четири месеци бараат правда за Тамара и оставка од Тодоров

„Оставка“, „Убијци“ и „Оди си Тодоров“ извикуваа денеска демонстрантите, кои и по четири месеци бараат правда и одговорност за смртта на малата Тамара Димовска, која почина чекајќи ФЗОМ да одобри пари за нејзиното лекување во странство. Демонстрантите во организација на граѓанското движење „Протестирам“, се собраа во 18 часот на булеварот Свети Климент Охридски и маршираа до Министерството за здравство. - Тажни...

„Протестирам“ повторно на марш: Потребни се суштински, а не козметички реформи

Граѓани, активисти и членови на движењето „Протестирам“ денеска повторно излегоа на протестен марш низ улиците на Скопје, за да го искажат својот револт од актуелната власт и да бараат оставка од премиерот Никола Груевски. Извикувајќи „Оставка“, „Нема правда - нема мир“ и носејќи транспарент со натпис „Од 5 мај до крај“, демонстрантите маршот го почнаа од приодот кон Владата, на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...