fbpx

„Протестирам“ вечерва пред Уставен суд

-

Единаесеттиот ден на протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ поради одлуката на претседателот Иванов да аболира 56 политичари од судски процеси, ќе почне во 18 часот пред СЈО, а ќе продолжи пред Уставен суд.

– Протестираме и денеска, гласно против режимот, здружено во целата наша шареноликост! Ако врне, понесете чадор и дојдете со нас! Во 18 часот се собираме на старо место, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа преку мостот Гоце Делчев маршираме до еден од симболите на неправда и на корумпираност, „неуставниот суд“ – се вели во најавата за протестот.

Вчера демонстрантите ја обоија новата зграда на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и на Агенцијата за млади и спорт. Тие извикувајќи „Ова беше парк“ и „Боја“, фрлија неколку дестици топки со боја кон објектот, за да го обојат во боите на, како што велат демонстрантите, „Шарената револуција“, што симболично означува дека „Македонија се бои со слобода и со демократија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...