fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

Мирно заврши протестот во Струмица

Заврши мирниот протест во Струмица пред полициската станица, која беше силно обезбедувана. „Драги полицајци од кого не’ браните?“, „Нема правда, нема мир“, „Доста беше молк!“, извикуваа насобраните. Една девојка пристапи кон кордонот полицајци и им подари цвеќе. Граѓаните изјавија дека излегле на протестот по сликите на полициска бруталност, кои ги виделе од завчерашниот протест во Скопје. - Не смееме...

Прилепчани повторно протестираат против полициската бруталност

По вчерашниот масовен протест против полициската бруталност во центарот на Прилеп, каде значителна бројка граѓани излегоа да ја поддржат иницијативата која бара оставка од министерката за внатрешни работи, поради обид за прикривање на убиството на Мартин Нешкоски, денеска се одржа продолжение на протестот. Поголема група граѓани протестираа низ улиците во центарот на градот, пред полициската станица и пред зградата на...

Андреј Ковачев: Владата на Груевски мора да поднесе оставка

Проблемите на Македонија лежат во владините политики, а не во ставот на Грција, Бугарија или ЕУ, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за бугарскиот портал „Новините“. - Тоа што сега се случува во Македонија е резултат на политиките што ги води премиерот Никола Груевски во изминатите 10 години откако е на власт. Европскиот парламент постојано предупредуваше дека земјата се оддалечува од своите ЕУ-перспективи, наместо...

Полицијата не дозволи демонстрантите да стигнат до Јавното обвинителство

Неколку стотини граѓани и денеска се собраа пред Владата на Република Македонија за да протестираат против прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Полицијата, како и вчера, го блокираше приодот кон Владата и не им дозволува на демонстрантите да пристапат до неа. Забележливо е зголемено полициско обезбедување. Еден од демонстрантите прочита писмо пред полицијата со кое ги повика да ги симнат панцирите и оружјето и...

По вчерашните протести, приведени се четири лица

По вчерашните протести приведени се четири лица против кои МВР поднесе прекршочни пријави, изјави денеска Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавноста на МВР, на одбележувањето на Денот на полицијата. Котевски рече и дека идентификувани се уште девет учесници на протестот кои предизвикувале насилство, но сè уште се работи на квалификација на нивните дела во соработка со надлежниот јавен обвинител. - Од...

Протестот пред Собранието заврши мирно

Иако имаше неколку обиди за провокации од петнаесетина демонстранти, протестот за правда за Мартин Нешковски кој, наместо пред Владата, се одржа пред Собранието, заврши мирно. На последниот обид на дел од демонстрантите да иницираат насилство, се спротиствија група активистки кои застанаа меѓу нив и полицијата. Пред Собранието останаа уште десетина демонстранти кои седат на тревата и разговараат. Дел од присутните го собираа...

И полицијата и демонстрантите се подготвуваат за денешниот протест

По вчерашниот протест пред Владата, во кој имаше повредено и демонстранти и полицајци, денеска двете страни засилено се подготвуваат за вториот протест, кој треба да почне во 18 часот. На социјалната мрежа „Фејсбук“, демонстратите даваат насоки како граѓаните да се однесуваат при насилни протести, а полицијата се мобилизира. Кордони и полициски возила можат да се видат на речиси секоја уличка во...

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, лицето е приведено, дало...

Хелсиншки комитет: Врз граѓаните беше употребена прекумерна сила

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за употреба на несразмерна и прекумерна сила на вчерашниот протест пред Владата. Од комитетот велат дека полициските службеници не ја ограничија употребата на сила само на тие граѓани што беа агресивни кон нив, туку неселективно ги удираа и газеа сите граѓани. - При приведувањето, полицијата повторно примени неселективна, прекумерна и несразмерна сила. Приведувањето траеше и...

На протестот се приведeни 30 демонстранти, а повредени се 38 полицајци

Во вчерашниот протест пред Владата приведени се 30 лица, а повредени се 38 припадници на полицијата, од кои шест се задржани на понатамошно лекување, рече на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Како што вели Јанкулоска, едно од приведените лица било однесено на токсикологија, а потоа било притворено. Јанкулоска рече дека досега се идентификувани 12 лица и...

„Солидарност“ повикува на протести секој ден во 18 часот

Граѓаните на Македонија веќе не чувствуваат страв – тие чувстуваат гадење од нечовечната власт на ВМРО-ДПМНЕ и незадржлив порив за конечно ослободување на Македонија, велат од левичарското движење „Солидарност“. „Во моментот кога една влада крева рака на својот народ, јасно е дека нема враќање назад. Со ќотекот врз невините граѓани, тие го покажаа вистинското лице: спремни по секоја цена да останат...

„Цивил“: 27 лица се сè уште во притвор

„Засега непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда“, се вели во реакцијата на невладината „Цивил“. Според „Цивил“ приведените биле тепани и...

Заев: Полицаецу со тебе се гордее цела Македонија

„Драг полицаецу, во оваа наша земја, огромен е бројот на луѓето во кои живее по еден човек. Само малкумина од врхушката на власта го имаат убиено човекот во себе. Ти си тој од кој денеска излезе на виделина најголемиот човек со големо „Ч“, човек со големо срце и душа, чесен човек со сите човечки особености и доблести. Ти што...

Полицијата ги лови демонстрантите и „парадира“ по Партизанска

Полицијата ги растури демонстрантите пред Владата, кои претходно тргнаа кон булеварот Партизански одреди, каде во моментов се движат само полицајците, а граѓани од страна подбивно ракоплескаат и им довикуваат „Убијци“ и „Срамота“. Групата демонстранти која се движеше по булеварот и по помалите улички, сега се растури, а полицијата ги повлече водените топови, но затоа донесе полициски кучиња. Претходно на насилството на полицијата, демонстрантите...

Протестите пред Владата траат, демонстрантите порачуваат дека нема да си одат

Веќе неколку часа голема група граѓани револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо - има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“. Како што јавува репортерот на „Мета“, дошло и до кошкање со полицијата кога демонстрантите почнале да удираат по штитовите. Ситуацијата сега е мирна. Демонстрантите ги...

„Не си одиме“, порачаа демонстрантите пред Владата

Веќе неколку часа, голема група граѓани, револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски, протестираат пред Владата извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „не сме човечиња“, „излези Никола“, „нема Сашо - има мир“,„оставка“ и „ќе одговарате“. Во еден момент, тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата. Во групата која се обиде да влезе во зградата, беа и мајката...

Демонстрантите за Нешковски ги спуштија на пола копје знамињата пред Владата

Група граѓани, извикувајќи „убијци“, „доста беше молк“, „кого браните“, „оставка“, „ќе одговарате“ и друго, протестираат пред Владата револтирани од прикривањето на убиството на Мартин Нешковски. Тие го пробија полицискиот кордон и се упатија накај Владата. Во групата која се обиде да влезе во Владата за да разговараат за снимките беа и мајката и братот на Нешковски. Како што јавува репортерот на „Мета“, демонстрантите...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...