fbpx

Два протести во Тетово: Едните бараа оставка на владата, другите – избори на 5 јуни

-

„Укинување на аболицијата“, „Долу влада“, „Готови сте“ беа дел од паролите што синоќа се извикуваа на протестот во Тетово, организиран од граѓанската иницијатива „Протестирам“.  Протестот почна околу 19 часот пред Основниот суд во Тетово, а по половина час учесниците со протестен марш низ булеварите Илинденска и Маршал Тито се упатија кон народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде што побараа негова оставка.

– Јас не дојдов сосила, дојдов доброволно. Своите деца ги заглавија, невините нивни мали деца утре ќе викаат „татко му беше апаш“. Не мислат на своите деца. Парите ќе ги вратат и сите ќе одат в затвор – изјави еден учесник на протестот.

Еден час порано во Тетово се одржа и протест на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ). Групата граѓани организатори на овој собир, побараа избори на 5 јуни, за да престанат, како што рекоа, поделбите во Македонија. Протестот на (ГДОМ) почна на улицата Борис Кидрич и заврши пред седиштетото на СДСМ.

– Ние присутните претставуваме дел од демократскиот свет и дојдовме да му речеме стоп на македонскиот самоуништувачки поход, да ја спречиме поделбата на македонскиот народ. Ги повикуваме Заев и неговите истомисленици да се откажат од овие црни сценарија и да повелат на 5 јуни за народот да одлучи кој ќе ја води Македонија – изјавија од ГДОМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...