fbpx

Улиците на Штип обоени со боите на „Шарената револуција“

-

Неколку жени го предводеа протестот на „Шарената револуција“ во Штип од зградата на Основниот суд преку центарот на градот, избегнувајќи блиска средба со демонстрантите од ГДОМ.

Извикувајќи „Оставка“, „Затвор за криминалците“, попатно демонстрантите од „Протестирам“ фрлаа бои, со што улиците на Штип беа обоени со боите на „Шарената револуција“.

Иако собирањето на приврзаниците на ГДОМ беше најавено за еден час подоцна од протестот на демонстрантите на „Протестирам“, поворката тргна половина час порано, што создаде дополнителна работа за полиција, која се најде меѓу двете групи демонстранти. Сепак, протестите поминаа мирно и без инциденти.

Ова беше четврти протест, преку кој штипјани го изразија револтот од одлуката за аболиција од претседетелот Ѓорѓе Иванов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...