fbpx
Таг: протестирам

таг: протестирам

„Шарената револуција“ денеска ќе бара да се поништи одлуката за одржување на изборите

„Шарената револуција“ денеска на протестот, кој ќе почне во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. „Собрание, собери се! „Шарената револуција“ бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на...

„Какво распуштање, нема опуштање“, порачаа демонстрантите пред Собранието

Со пораки „Собрание, собери се“, „Какво распуштање, нема опуштање“ и „Владо, мори, душманке“, испишани со боја на улиците низ главниот град, „Шарената револуција“ покажа што мисли за одлуката на Трајко Вељаноски да не го свика Собранието за да ги одложи изборите. Протестот традиционално почна пред Специјалното јавно обвинителство, од каде што демонстрантите се упатија кон Собранието. Таму тие им порачаа...

Вељаноски останува на ставот дека нема уставна можност да го свика Собранието

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, останува на својот став дека нема уставна можност повторно да се свика Собранието. По писмото што вчера Државната изборна комисија го упати до Вељаноски, а со кое го информира дека во одредени изборни единици има отстапување за повеќе од 5 отсто според бројот на гласачи, од кабинетот на собранискиот спикер информираат дека писмото од ДИК е само...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира пред Собрание за, како што велат организаторите, да ги потсетат пратениците дека треба ги слушаат граѓаните, а не партиските лидери. „Државната изборна комисија констатираше дека нема услови за фер избори. Тоа што сите ние го знаевме, но брзите прсти на пратениците послушници го игнорираа, па го распуштија Собранието. Ќе ве ‘поздравиме’ денеска за да ве...

Денеска од боја ќе се чисти Порта „Македонија“

Денеска претпладне ќе се чисти фасадата на Порта „Македонија“, најавија преку соопштение од Музејот на македонската борба. - По неколкунеделното вандализирање на објектот, констатирани се сериозни оштетувања на фасадата, кои стручни служби ќе се обидат да ги санираат  – пишува во соопштението. Чистење на другите споменици вчера најавија и од Градот Скопје. Оттаму информираа дека ќе ги чистат спомениците кои се во...

Град Скопје ќе ги чисти спомениците

Од утре, Град Скопје ќе почне со чистење на спомениците во паркот Жена-борец и на плоштадот Македонија, што се во надлежност на оваа институција. Од Градот информираат дека за оваа намена ангажирале фирма за одржување и за чистење на спомениците. Спомениците и фасадите кои се дел од проектот „Скопје 2014“ беа цел на „Шарената револуција“. Активисти и поддржувачи на „Шарената револуција“...

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира за правда, еднаквост и за слобода

Денеска, во 18 часот, „Шарената револуција“ ќе протестира против социјалната неправда и лошите политики за вработување. „Протестирам против социјалната неправда и лошите политики за вработување. Транзицијата ја осиромаши Македонија, а оваа власт ја закопа! Режимот веќе предолго ги држи нашите сограѓани како заложници за сопствените потреби: да гласаат, да прават списоци, да одат на контрапротести, да чистат споменици и мора...

Денеска во 18 часот повторно ќе се протестира пред СЈО

Денеска, во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, граѓаните обединети во „Шарената револуција“ ќе протестираат против, како што велат, самоволието и авторитарното и корумпирано владеење. „Ние, македонските граѓани веќе не чувствуваме страв, туку само огорченост, гнев и бес од авторитарното и корумпирано владеење! Како и минатата година, и сега режимот покажува дека не знае како да се справи со протестите! Се...

Вкупната штета од демолирањето на канцеларијата на Иванов е 8.500 евра

Околу 8.500 евра е вкупната штета од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите на 13 април. Оваа сума е утврдена со вештиот наод и мислење што ги изработи Бирото за судски вештачења, а изнесува 522.000 денари или 8.487 евра. Застапникот на Државното правобранителство на денешното рочиште на Филип Наковски и на Никола Аризанов, првите демонстранти обвинети за демолирање...

„Шарената револуција“ и ГДОМ и вечерва протестираа во Тетово

„Шарената револуција“ и вечерва го искажа незадоволството од одлуката за аболиција на претседателот Ѓорге Иванов пред Основниот суд во Тетово. Оттаму демонстрантите порачаа дека ќе протестираат сè додека не замине оваа, како што ја нарекоа, ненародна власт. - Во Македонија, една мала секташка група успеа да украде голема сума пари, притоа ветувајќи им на своите сограѓани дека ќе им ги симне...

„Шарената револуција“ побара оставка од Иванов поради „фикус-аболицијата“

Тема на денешните протести на „Шарената револуција“ беше аболицијата и граѓаните протестот од Специјалното јавно обвинителство го продолжија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов. Вечерва демонстрантите порачаа дека не ја признаваат „фикус-аболицијата“. Тие беа пресретнати од кордон полицајци на крстосницата на улиците Ацо Караманов и Партение Зографски. Таму демонстрантите го открија, како што рекоа, „споменикот на Хорхе од Паљурци“, по што фрлаа...

Утре ќе се протестира и во Брисел

Македонската заедница и пријателите на Македонија во Белгија најавуваат протест пред состанокот на советот на министри за надворешни работи на Европската Унија. Како што е наведено во нивното соопштение, собирот е предвиден за четврток напладне. „Бараме од земјите членки на Европската Унија да воведат ефективни индивидуални санкции против членовите на владејачката партија и нивните соработници против кои е поведена кривична...

Од вечерва ќе протестирааат и стружани

Од вечерва, под паролата „Протестирам“, на улица првпат излегуваат и стружани. Почетокот на протестот е закажан за 18 часот, на тениското игралиште кај машката плажа. Организаторите ги повикаа на улица да излезат сите граѓани кои ги обединува барањето слобода и кои се здружени против криминалната власт, заплашувањата, уцените, економската мизерија, како и против аболицијата на претседателот Иванов. - Стружани, обединети, заедно Македонци и Албанци, и...

Демонстрации пред куќата на активист на „Битолско движење“

Неколку стотици битолчани вечерва се упатиле кон куќата на активистот на „Битолско движење“, Илија Балтовски, за да го изразат нивниот револт по протестите и по акцијата со лажните евра за градоначалникот Владимир Талески. Пред неговиот дом, на улица 12 Кладинци во населбата Недопирливи, според очевидци, групата извикувала погрдни зборови за Балтовски и за неговите соработници, пцости, свирежи, колнеле и плукале во неговиот...

Денеска „Шарената револуција“ ќе протестира против задолжувањето

Денеска „Шарената револуција“ продолжува во 13 градови низ Македонија. Протестот во Скопје почнува во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство, а ќе биде во знакот на економската состојба на државата и на задолжувањето. „Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии, кои го крадат јавното,...

Битолчани со поддршка за притворените Савески и Куновски

Група од дваесетина битолчани денеска во 10 часот се собраа пред Основниот суд во Битола за да искажат поддршка на двајцата членови на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски. На двајцата членови на новоформираната партија им се суди за учество во толпа на протестите на „Шарената револуција“. Никола Славески, член на левица од Битола, рече дека во општество каде политичарите од...

„Протестирам“: Сите сме жртви на фашизмот инсталиран однатре

Во знакот за борба против фашизмот помина денешниот протест на граѓанската иницијатива „Протестирам“. Неколку илјадници демонстранти се собраа пред просториите на СЈО и оттаму тргнаа кон паркот Жена-борец, каде што во име на „Шарената револуција“ положија цвеќе на споменикот на паднатите борци. На присутните им се обрати Димче Најчевски, 91-годишен борец против фашизмот. - Почитувани учесници на протестите на „Шарената револуција“,...

Два протести во Скопје: Против „фашистичките елементи“ и „За правда, демократија, достоинство“

„Шарената револуција“ денеска ќе протестира против, како што најавуваат, „фашистичките елементи во општеството“. Протестот ќе почне традиционално во 18 часот, пред Специјалното јавно обвинителство. „Ја славиме победата над фашизмот и продолжуваме да се бориме против фашистичките елементи во нашето општество! Денеска, на 9 мај, протестираме против режимот кој убива и крие убиства, тепа, апси и заплашува, мести избори, ги задушува...

Уште еден член на Левица повикан на информативен разговор

Мариглен Демири, член на президиумот на Левица, денеска е повикан на информативен разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, поради неговото учество во протестите и демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Од Левица информираат дека по тој повод, денеска, во 13 часот, ќе одржат прес-конференција пред ОЈО. - Потсетуваме и дека по претходните приведувања и апсења, граѓанскиот револт само се зголемуваше....

Контејнер (г)дом за градоначалникот Талески

Битолчани со контејнер на кој пишуваше „гдомот на градоначалникот“ и денеска излегоа на протести, барајќи оставка од аболираниот Владимир Талески, осомничен за криминал. Од плоштадот Магнолија, демонстрантите повторно се насочија кон зградите на судовите во Битола кои ги обоија со боите на „Шарената револуција“ и оттаму зедоа контејнер за да го остават пред Општина Битола. Според едни, контејнерот беше симбол за...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...