fbpx

„Шарената револуција“ и ГДОМ вторпат протестираа во Тетово

-

Здружението „Протестирам“ денеска, околу 19 часот, својот револт од одлуката на претседателот Иванов за аболиција го искажаа пред тетовскиот Основен суд. Пред оваа институција демонстрантите ги извикуваа познатите пароли „Нема правда, нема мир“, „Оставка за Иванов“, „Бараме правда, бараме вистина“.

По половина час, со протестен марш се упатија до народната канцеларија на претседателот Иванов, лоцирана во центарот на Тетово. Учесниците на овој протест велат дека нема да се откажат од протестите сè додека, како што рекоа, не замине криминалната власт на Никола Груевски.

– Наспроти поделбите што ги прави актуелната власт, тука може да видите граѓанска Македонија, каде нема поделби по расна, етничка или религиска припадност. Само преку протести може да се победи оваа ненародна власт. Нема да се откажеме – изјави еден учесник од протестот, организиран од иницијативата „Протестирам“.

slika kontra protestЕден час претходно, здружението ГДОМ организираше контрапротест, кој почна од улицата Борис Кидрич во Тетово, а заврши пред седиштето на СДСМ. Учесниците на контрапротестот, истакнаа дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мора да замине од политиката за, како што истакнаа, да се спаси Македонија.

– Зоран Заев мора да си замине од политиката и мора да се организираат избори на 5 јуни. На тој начин ќе го решиме проблемот ние, самите граѓаните на Македонија. Во спротивно, ќе дозволиме друг да ни ги решава проблемите – изјави еден учесник на контрапротестот.

Демонстрантите и контрадемонстрантите и за наредната среда закажаа протести во Тетово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...