fbpx

Попоски: Во услови на криза, се вртиме едни кон други – членки на ЕУ и кандидати

-

Европската Унија има реален проблем со популарноста на идејата за проширување, во услови кога многумина во земјите членки се вртат кон самите себе, оцени денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, на конференцијата „Западен Балкан: Кон европска иднина“, што се одржа во Европскиот парламент во Брисел, организирана од Европската народна партија, Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“.

– Добро е, сепак, што дури и во услови на криза се вртиме едни кон други – членки на ЕУ и кандидати. Како пример, би истакнал дека никогаш Грција, Бугарија и Македонија немале подобра тристрана соработка од сегашниот случај во справување со мигрантската криза – рече Попоски.

Европската перспектива на Западен Балкан беше главниот фокус на конференцијата, но, како што соопштуваат од МНР, се разговарало и за доброто владеење, миграциската криза и за важни безбедносни прашања.

– Во однос на мигрантската криза, Македонија пред себе имаше две опции: да ја избере најевтината можна опција, односно да биде набљудувач на преминувањето на мигрантите и на бегалците или да придонесе за примена на заклучоците од Советот на ЕУ, во насока на затворање на балканската рута, превенирање на илегални премини, а при тоа да се обезбеди хуман и безбеден премин за бегалците од една ЕУ-членка во друга. Оваа опција е ризична и скапа. Притоа, на голем ризик го става и имиџот за самата земја. Воедно е далеку од едноставна за примена од страна на земја која не е членка на ЕУ – истакна Попоски.

Во рамки на конференцијата, министерот Попоски остварил повеќе билатерални средби, во чиј фокус биле приоритетите во евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, мигрантската криза и регионалната стабилност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...