fbpx

Полициски кордон меѓу двата протести во Штип

-

Полицијата вечерва во Штип ги сопре двете групи демонстранти, од таканаречената „Шарена револуција“ и од ГДОМ, за да не дојде до судир.

Демонстрантите од „Протестирам“ тргнаа од Основниот суд, а тие од ГДОМ во спротивен правец од Домот на културата. Во моментот кога полицијата почна да ги пренасочува во нивните рути, двете групи застанаа на двете различни страни на реката Отиња и почнаа да си довикуваат меѓусебно и да маваат со транспарентите. По некое време тргнаа по соите маршрути. Додека приврзаниците на „Шарена револуција“ повикуваа на оставка од претседателот Ѓорге Иванов, другите извикуваа „Никој ништо не ти може, Никола“.

Дел од контрапротестот беше и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, од кого припадниците на „Шарената револуција“ претходните двапати побараа оставка пред зградата на Општината. Денеска кон приврзаниците на „Протестирам“ се придружи и Здравко Коцев, кој му беше противкандидат на Захариев на локалните избори во 2013 година.

Протестот и контрапротестот траеја по околу еден час, а од движењето „Протестирам“ најавија нови собири.

Во меѓувреме, на „Шарената револуција“ ѝ се приклучија и кумановци. За разлика од штипјани, тие фрлаа боја, а меѓу другото, денеска во Куманово контрапротестантите не излегоа на улица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...