fbpx

Русија повлече воени авиони од Сирија

-

Руската војска соопшти дека повлекла околу 30 авиони од својата база во Сирија, вклучувајќи ги и сите „с-25“, авиони за копнени напади, што се наоѓале таму.

Портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, не даде детални информации за тоа колку летала останале, но рече дека тој број изнесува отприлика онолку колку што е неопходно за борба против Исламска држава и фронтот Ал нусра, разгранок на Ал каеда во Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин во март нареди повлекување на повеќето руски сили од Сирија, но не прецизираше колку авиони ќе бидат повлечени, а колку ќе останат.

Русија претходно распореди повеќе од 50 авиони и хеликоптери во својата воена база на брегот на Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...