понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: повлекување | 96 резултати

Додик повторно повикува на растурање на БиХ, се обиде да ги злоупотреби Хрватите

април 11, 2023

Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Иако во Федерацијата БиХ […]

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

декември 19, 2022

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на […]

Поради афлатоксини, се повлекува од пазарот ферментиран млечен производ Баланс +

ноември 20, 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм. Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето. Дополнително, количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар. Се […]

Недостиг на вода и струја во Херсон откако руските сили ја уништија клучната инфраструктура при повлекувањето

ноември 13, 2022

Руските сили делумно ја уништија браната Нова Какховка која се наоѓа во близина на Херсон, при нивното повлекување од областа. Еколозите сега предупредуваат дека може да дојде до поплава на градовите и селата кои се наоѓаат во близина на браната. Телеграф пишува дека на интернет-страницата на про-воениот руски весник „Известија“ се појавило црно-бело видео кое […]

Украинската војска се приближува кон Херсон, на Русија ќе ѝ треба една недела за повлекување

ноември 11, 2022

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников изјави дека на Русија ќе ѝ требаат барем една недела за да ги извлече своите трупи од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро, пренесува Гардијан. Русија на десната страна на реката Днипро има околу 40.000 војници и разузнавачките податоци покажуваат дека овие сили и понатаму се лоцирани […]

Бројот на загинати и повредени во Украина почна да се брои во стотици илјади лица

ноември 10, 2022

Воената агресија што ја започна Русија врз Украина на 24 февруари годинава доведе до најмалку 100.000 загинати или повредени руски војници, а украинските вооружени сили претрпеле исто така загуби од околу 100.000 загинати или повредени војници. Ова вчера го изјави началникот на Здружениот Генералштаб на американската војска, генерал Марк Мили. Тој додаде дека околу 40.000 […]

Русија се повлекува од градот Херсон кон левиот брег на реката Днипро

ноември 9, 2022

Руската војска доби наредба од министерот за одбрана Сергеј Шојгу за повлекување од градот Херсон и од сите други населени места лоцирани на десниот брег од реката Днипро, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека рускиот генерал Сергеј Суровикин изјавил оти повеќе не се во можност да го снабдуваат градот и во вакви услови најдобра опција […]

Виршлите „Вуди“ повлечени од продажба, пронајдена бактеријата листерија моноцитогенес

септември 22, 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“, бидејќи во нив било било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (listeria мonocytogenes ST 155). Виршлите ќе бидат уништени, а агенцијата ги повикува потрошувачите да не ги консумираат виршлите од подолунаведените серии, односно да ги вратат […]

„Crypto.com“ се повлече од договорот со УЕФА Лигата на шампиони

септември 5, 2022

Сингапурската компанија за размена на криптовалути „Crypto.com“ се повлече од спонзорскиот договор со УЕФА за Лигата на шампионите. Договорот вреден 428 милиони фунти, кој беше предвидено да трае пет сезони, пропаднал во последен момент поради загриженоста од зголемената регулација на криптовалутите, пишува „Би-би-си“, Сајтот за размена на криптовалути требаше да го замени „Газпром“, откако УЕФА […]

Јапонија повлече над 1,6 милиони дози вакцини „Модерна“ поради стравувања од загаденост

август 26, 2021

Во Јапонија се повлечени околу 1,63 милиони дози на вакцината против ковид-19 на „Модерна“ поради контаминираност, односно загаденост, јави Би-Би-Си. Министерството за здравство соопшти дека „туѓи материјали“ се пронајдени во некои дози од пратката од околу 560.000 виали (шишенца). Компанијата „Такеда Фармасеутикал“, којашто ја продава и дистрибуира вакцината во Јапонија соопшти дека „Модерна“ блокирала вкупно […]

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

јуни 29, 2021

Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две децении долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во касарната „Илинден“ се […]

Шекеринска најави дека поголем дел од македонските војници ќе се повлечат од Авганистан до јули

јуни 4, 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека поголем дел од македонските војници кои се дел од НАТО-мисијата во Авганистан ќе се вратат назад во земјава до јули. „На претходниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, земјите-членки дискутиравме за најдолгата НАТО-мисија, тоа е мисијата во Авганистан во која и ние како држава учествуваме веќе […]

Владата го повлече предлог-законот за легализација на дивоградби од собраниска процедура

мај 29, 2021

Владата на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура, информираат од владината прес-служба. Во известувањето, кое го прифати Владата, […]

Од 1 мај НАТО целосно се повлекува од Авганистан

април 15, 2021

Од 1 мај ќе почне целосното повлекување на НАТО силите од Авганистан, најавија доцна синоќа генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и секретарот за одбрана на САД Лојд Остин по состанокот на министрите за надворешни работи и за одбрана на Организацијата на Северноатлантскиот договор. „Во светлото на одлуката на САД […]

МОН: Учебникот по географија за втора година гимназиско образование повлечен од употреба

март 18, 2021

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Министерката Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од настава. „Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат со дидактичко-методскиот […]

Заев ќе има разбирање за Анѓушев ако се повлече и се посвети на своите компании

ноември 12, 2019

Премиерот Зоран Заев ќе има разбирање доколку вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се повлече од политиката. Според Заев, тој е сопственик на големи фирми кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив, но во истовреме, рече премиерот тој е потребен и на државата за успешно завршување […]

Сестрата и бабата на Кирацовски се повлекуваат од работните места

април 25, 2019

По директната наредба на премиерот Зоран Заев, роднините на функционерите да си дадат отказ, генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски соопшти дека неговата сестра и баба ќе се повлечат од работните места. „Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар, преку Агнеција за времени вработувања. Во оваа насока […]

Денеска ќе се повлечат првите вработени кои се роднини на припадници на СДСМ

февруари 19, 2019

Денеска ќе се случат првите повлекувања на вработените за кои јавноста оцени дека станува збор за непотизам, и се блиски на партиски припадници на СДСМ, одговори министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски на новинарско прашање во врска со овој вид вработувања. Тој не кажа, конкретно кои се имињата кои ќе се повлечат. […]

16 граѓански организации побараa итно да се повлечат измените на Кривичниот законик

декември 28, 2018

Вкупно 16 граѓански организации денеска од претседателот на Собранието и од пратениците-предлагачи, побараа итно да го повлечат Предлогот на закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка. Тие сметаат дека со промената во членовите на Кривичниот законик, ќе им се овозможи во предметите кои ги води СЈО да се изречат помали казни […]

Меркел се повлекува од партиското претседателство

октомври 29, 2018

Германската канцеларка, Ангела Меркел им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи в декември, јавија светските агенции, повикувајќи се на некои германски емдиуми. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад […]

Страна 1 од 5