fbpx

Постот произволно тврди дека Русите го враќаат Харкив, а Украинците ги напуштаат позициите

-

Постот има ударна и драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на септември, но овој град и натаму е цел на руски напади и гранатирања, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук тврди дека шири неосновани и непоткрепени информации за војната во Украина.

Русите го враќаат Харков! Украинците бегаат, го фрлаат ооружјето и ги напуштаат позициите, се вели во постот кој го анализираме.

Тој споделува и напис со иста таква драматична најава. Но, кога ќе го отворите текстот ќе видите дека во него нема ништо за тоа дека Русите го освојуваат Харкив, а уште помалку дека Украинците бегале и го оставале оружјето. Во текстот има само две нејасни реченици.

Нашите војници повторно ги освоија позициите на милитантите на UAF во насока Лиман.

Фатен под силен оган од нашите трупи и сфаќајќи ја безнадежноста на нивната ситуација, непријателот се повлече, напуштајќи го своето оружје.

Ова е целиот текст кој би требало да понуди информации за ударниот наслов кој очигледно имал за цел само да привлече кликови, а не и да информира. Од првата реченица е нејасно за чии војници станува збор, дали за руски или украински. Исто така, нејасно е на кој непријател се мисли во вториот дел од реченицата.

Последните вести поврзани со Лиман се оние од почетокот на октомври, дека Русија ги повлекла војниците откако украинската армија влегла во градот.

Како што тогаш објави Гардијан, украинските воени сили го ослободија градот Лиман во Донецкиот регион, а руските власти потврдија дека ги повлекле своите трупи од ова стратешки важно населено место.

Што се однесува до Харкив, на почетокот на септември, руското Министерство за одбрана соопшти дека ги повлекува силите од две области во украинската област Харкив, каде што украинската контраофанзива постигна значителен напредок. Портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјави дека војниците ќе бидат прегрупирани од областите Балаклија и Изјум во регионот на Донецк.

Русите продолжуваат со гранатирање на Харкив, но никаде нема вест дека Украинците се повлекуваат и го фрлаат оружјето како што се тврди во постот.

Постот има ударна и малку драматична најава, но не нуди потврдени и издржани информации. Кога е војна во прашање, добро е да се земаат предвид официјални информации и извори. Тоа во случајов го немаме. Ситуацијата на терен, од официјалните извештаи во медиумите, покажува Украинците не се повлекле од Харкив. Тоа го сториле Русите на почетокот на септември, но овој град и натаму е цел на руски напади и гранатирања.

Според тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

***

Овој напис е изработен во рамките на проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...