fbpx

Апелација ја укинала пресудата за Мијалков оти била нејасна и неразбирлива

-

Пресудата за 12 години затвор за екс-шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, била укината бидејќи била „нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, соопшти Апелациониот суд во Скопје. Во истото соопштение, без прецизно да објаснат зошто, од Апелација велат дека при носење на ваквата одлука не размислувале суштински на застарувањето на делото.

Членовите на Советот на Апелациониот суд – Скопје, утврдиле дека постои неусогласеност меѓу изречената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“ и она што е наведено во нејзиниот писмено изготвен примерок. Поточно, додаваат оттаму, во изворникот на пресудата немало опис на противправните дејствија за секој од обвинетите.

„Писмено изработената пресуда мора во целост да одговора на изреката што е внесена во записникот и затоа објавувањето на пресудата треба да биде јасно и прецизно односно јавно објавената изрека од пресудата треба да ги содржи сите потребни елементи од член 408 од ЗКП. Ваквата суштествена повреда е од апсолутен карактер и ја прави пресудата нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување“, наведено е во соопштението на судот.

Со враќањето на случајот на повторно одлучување, ова дело може да застари и Сашо Мијалков воопшто да не одговара за незаконско прислушување на илјадници граѓани за што веќе е осуден. Делата кои ги извршил вклучуваат „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“. Покрај за Мијалков, укината е и затворската пресуда за пребеганите разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски, но и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Без прецизно објаснување на што точно мислат, судиите од Апелација посочуваат дека при носење на одлуката за поништување на пресудата, не се впуштиле во „мериторно одлучување“ за застареноста на делото.

„Иако судот по службена должност внимава на роковите за застареност на кривичното гонење, со оглед на причините поради кои е донесена одлуката, не се впушти во мериторно одлучување по однос на застаресност на дел од кривичните дела, која всушност и не настапила пред овој суд“, се додава во соопштението.

Покрај наведените, советот утврдил и други процесни повреди, за што овој суд детално образложение на сите причините ќе даде во писмено изготвената одлука. Дополнително, велат од Апелација, во првостепената постапка фактите не соодвествувале со доказите, и во однос на наодите на вештаците, и во однос на прислушувањето и во однос на вредноста на уништената опрема за прислушување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...