Полчасовно интро во Хагвордс Легаси – најнова игра во светот на Хари Потер

Скриншот од Трејлерот за Howgwarts Legacy
Скриншот од Трејлерот за Howgwarts Legacy

Објавен е 30 минутен гејмплеј од најновата Хари Потер игра во која играте во истиот свет, но со ваш нов лик како ученик во Училиштето за Волшебници Хагвордс. Хагвордс Легаси е игра за која имаме и претходен напис што ви препорачуваме да го прочитате.

Оваа игра се издвојува по тоа што нуди широк отворен свет и многу опции за измени и за домување. Напитоците што ги правите ви ги засилууваат магиите, а билките што ги собирате за правење напитоци, се јадат и живи за бафови и имаат и различни други ефекти, на пример една од билките исфрла отров кон непријателите.

Отворениот свет е импресивен и со врвна графика, а во видеото е демонстрирано јавањето на метла што има интересни механики. Охрабрено е летањето непосредно над површината на земјата додека ако летате повисоко побрзо ви се троши силата. Исто така, преднарачка на играта добивате и Хипогриф којшто личи на црн грифин – нели според „куќата“ на Хари Потер – Грифиндор. И грифинот функционира како метлата но е многу по кул маунт.

Во сите верзии на играта има арена во која се борите со напливи на чудовишта и целта е што подолго да преживеете. Со ова отклучувате екслузивни скинови за облеки инаку недостапни ако ја играте стриктно само приказната. Во делукс верзијата на играта – добивате и нов сет базиран на темата Дарк Артс и нов чуден коњ со крилја. Оваа арена функционира исто како оние со стандардното издание на играта само што ви дава пристап до Дарк Артс таленти и нови магии.

Арената е многу слична како во играта Witcher 2: The Assasssin of Kings Enhanced Edition каде имаше слична арена базирана на бранови чудовишта и непријатели и целта беше да се издржат што повеќе рунди и се напредуваше. За жал во Вичер 2 немаше снимање за тој дел од играта, сеуште не се знае како е тоа средено во Хагвордс легаси.

Што се однесува до комбатот магиите од Дарк артс се поимпресивни од обичните а најпозната магија е „Авра -кадавра“, зрак што е измеѓу ласер и гром со чија помош се борите против непријателите. Исто така, има и еден вид телекинза со која може да кревате во воздух и да трескате предмети од непријателите. Има и запалливи буриња кои можете да ги удрите со оган и да експлодираат и да ги разнесете непријателите. Хагвордс Легаси треба да стане достапна за сите на 10 февруари 2023 година.