Италија се повлече од учеството во кинескиот проект „Појас и пат“

Иницијативата „Појас и пат“ има за цел да инвестира околу 925 милијарди евра, но ваквиот проект на Кина уште од самиот почеток беше критикуван од САД дека претставува пример за дипломатска стапица за задолжување на земјите

-

Италија официјално ја извести Кина дека се повлекува од иницијативата „Појас и пат“, која беше иницирана од кинескиот претседател Си Џинпинг во 2013 година, јавува Би-би-си. Владата предводена од премиерката Џорџија Мелони го извести Пекинг дека ќе престане да учествува во овој кинески проект до крајот на годинава.

Италија беше единствената поголема земја од западниот свет, којашто се одлучи да учествува во реализацијата на иницијативата „Појас и пат“ во 2019 година. Овој кинески проект, кој засилено со години наназад се промовира од Кина и во Македонија, предвидува изградба на нови железнички линии и пристаништа кои имаат за цел да ја поврзат Кина со Европа и делови од Азија.

Иницијативата „Појас и пат“ има за цел да инвестира околу 925 милијарди евра, но ваквиот проект за Кина уште од самиот почеток беше критикуван од САД дека претставува пример за дипломатска стапица за задолжување на земјите. Вашингтон критикува дека плановите на Кина вклучуваат неодржливи и огромни проекти, кои земјите не можат да ги финансираат и што овозможува на Кина да го шири своето влијание.

Членството на Италија во иницијативата „Појас и пат“ требаше да се обнови автоматски во март наредната година, освен ако Италија не ја извести Кина дека се повлекува до крајот на годинава. Мелони претходно ја нарече одлуката на поранешната влада да се приклучи на кинескиот проект како „сериозна грешка“ и посочи дека има намера да се повлече.

Статистичките податоци покажуваат дека Кина добила многу повеќе од Италија од досегашното учество во проектот „Појас и пат“.

Па така, само дел од кинеските инвестиции вредни до 20 милијарди евра се реализирале во периодот од 2019 година до денес. Наспроти ова, кинескиот извоз во Италија значително се зголемил на 57,5 милијарди евра во споредба со 31,7 милијарди евра колку што изнесувал во 2019 година. Италија, пак, лани успеала во Кина да извезе 16,4 милијарди евра, наспроти 13 милијарди евра што како извоз биле регистрирани во 2019 година.

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од Тетово. Иако...

Стапување во брак прерано и развод на млади години: Приказната на 20 годишната девојка од Скопје во екот на зголемувањето на бројот на разводи...

Прераното стапување во брак и го смени животот на 20 годишната М. Садриу од Скопје, која се откажа од студиите поради љубов, но заврши сама, без надеж и разведена по само...

Македонската Еспорт Федерација стана европски шампиот во Дота 2

Македонија и Македонската Еспорт Федерација вчера испиша историја освојувајќи го првото место на Европското првенство во Dota 2, во рамки на European Esports Championship 2025, што се одржа во Приштина. Нашиот национален тим...

Новинарот Гоше Николов ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за 2024 година

Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со...

Порталб: На училиште одлични, на испит преслаби: Што не функционира со државната матура во РСМ?

Дебатата за оценувањето и точноста на државната матура во Северна Македонија е сè уште отворена. Еден од случаите што го истакнува ова е искуството на матурантот Алдин Зендели од...