fbpx

Усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план 2023-2026 година

Стратегијата е резултат на работата на работната група составена од претставници на граѓанските организации, медиумски и академски претставници и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со кабинетот на вицепремиерката Грковска

-

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Стратегијата за транспарентност на Владата на РСМ, со акциски план 2023-2026 година, предложена од Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Приоритетни области, согласно Стратегијата, се: унапредување на активната транспарентност, унапредување на пристапот до информации од јавен карактер, на фискалната транспарентност на Владата и другите органи на извршната власт, унапредување на дигиталните можности на институциите за олеснување и автоматизирање на процесот на отворање на податоците, како и зајакнување на механизмите за отчетност за креирањето на политиките.

Мерките се подетално разработени во Акциониот план за 2023-2026 година, каде што се конкретизирани со активности, временската рамка за имплементирање, процената на потребните финансиски средства за имплементирање на активностите, носител на активноста, како и вклучени институции за спроведување на активноста.

Стратегијата е резултат на работата на работната група составена од претставници на граѓанските организации, медиумски и академски претставници и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со кабинетот на вицепремиерката Грковска, и преку проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...