fbpx

МОН: Учебникот по географија за втора година гимназиско образование повлечен од употреба

-

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека е повлечен од употреба учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Министерката Мила Царовска денеска го потпишала решението на Комисијата, со кое спорниот учебник се повлекува од настава.

„Комисијата констатира дека учебникот е преоптоварен со статистички и други податоци и факти кои не одговараат со дидактичко-методскиот пристап за возраста на децата. Исто така, во неколку наставни содржини во учебникот се нарушени начелата на неповредливост на културата, историјата и другите вредности на граѓаните на Република Северна Македонија, што е спротивно на Законот за учебници за основно и средно образование. Учебникот е одобрен по наставна програма од 2002 година“, информираат од МОН.

Во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, од МОН велат дека еден од клучните чекори е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование. На тој начин, пропустите кои низ години се провлекуваат во повеќе учебници и материјали, со реформите ќе бидат целосно отстранети и системски решени. Новиот закон за дидактички материјали и учебници е веќе објавен на ЕНЕР и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците.

„Порталб.мк“ и „Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваа за скандалозната содржина во учебникот по географија за втора година гимназиско образование. Освен министрите во актуелната влада кои ветија решение на ова прашање, и премиерот Зоран Заев на прашање од „Порталб.мк изјави дека спорниот учебник ќе биде отстранет од употреба годинава.

Инаку, за овој проблем се пишува уште од 2018 година. Според истражувањето на Порталб.мк, учебникот содржи седум спорни моменти за историјата на Македонија:

  1. На стр. 99 се вели: Албанците биле Македонци но за време на отоманското владеење, станале АлбанциАлбанците од Македонија имаат потекло од Черкезите, Ромите и Турците.
  2. Во голем дел од учебникот, вклучувајќи ја и стр. 104, се вели: Албанците во Македонија дошле во различни временски периоди, почнувајќи од 1780 година.
  3. На стр. 104 се вели: Албанците мигрирале во Македонија и физички ги малтретирале, ги ограбувале, ги киднапирале и ги убивале локалните Македонци. Во ова, на Албанците им помагала турската власт.
  4. На стр. 103 Албанија се претставува како окупатор на Западна Македонија.
  5. На стр. 105 Косово не се прикажува како држава со која се граничи Македонија.
  6. На стр. 84 и 85, во делот на дефинирањето на античка Македонија и на денешна Македонија, државата – Македонија фигуративно „се раѓа“ и „умира“ десетина пати, ова претставува пречка за создавање јасна слика за историјата на Македонија.
  7. Грешки постојат и во врска со потеклото на малцинствата, бидејќи таму се опфатени сите дојденци, создавајќи ја идејата дека во Македонија нема автохтон народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...