Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Продолжува да расте бројот на хоспитализирани лица во ковид центрите низ државата. Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.194 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 680 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болен, а во Куманово 94 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 103, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациенти, во Кочани 8, во Кичево 8, Кавадарци 74, а во Гевгелија 16 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението на Министерство за здравство.