Виршлите „Вуди“ повлечени од продажба, пронајдена бактеријата листерија моноцитогенес

-

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“, бидејќи во нив било било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (listeria мonocytogenes ST 155). Виршлите ќе бидат уништени, а агенцијата ги повикува потрошувачите да не ги консумираат виршлите од подолунаведените серии, односно да ги вратат на местото каде што ги купиле.

Табела: АХВ

За проблемот, агенцијата била известена од Италија, каде се наоѓа производителот.

Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се
наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот.

Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица“ информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22 или електронски на [email protected].

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

Аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома – во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија, предупредува за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

Аеродромскиот оператор на двата македонски аеродрома – во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија, предупредува за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж...