fbpx

Хилари Клинтон не била уапсена во 2016 година

-

Видеото прикажано во прилог на објавата на кое се гледа како Хилари Клинтон се онесвестува, при што притрчуваат луѓето од нејзиното обезбедување за да ја задржат, е злоупотребено во постот со цел да се манипулира јавноста дека таа не се онесвестила, туку давала отпор при апсење. Вест за апсење на Клинтон за време на комеморацијата за 11 септември во 2016 година не може да се најде никаде. Но, затоа може да се најдат вести дека таа колабирала поради топлото време и влошената здравствена состојба. Неточно е и тврдењето дека Клинтон била обесена во Аљаска. Таа е жива и здрава, а тоа може да се види од интервјуто за Ен-Би-Си кое го дала на 16.09.2022 г. – истиот ден кога е објавен постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук тврди дека поранешната кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон, на комеморацијата за жртвите од нападите на 11 септември во 2016 година, била уапсена. Ова не е точно.

ПОБЛИСКА ПЕРСПЕКТИВА

Хилари Клинтон по нејзиното присуство на комеморацијата на 11 септември , 2016 година.

Таа не се онесвести.

Таа давала отпор при апсењето.

Оваа сатанска вештерка е обесена во Алјаска во најладните делови ,и нејзиниот дух да не преживее, се вели во објавата која ја анализираме.

Објавата е придружена од видео на кое се гледа како Хилари Клинтон се онесвестува, при што притрчуваат луѓето од нејзиното обезбедување за да ја задржат. Ова видео е злоупотребено во постот со цел да се манипулира јавноста дека Клинтон не се онесвестила во тој момент, туку давал отпор при наводно нејзино апсење. Вест за апсење на Клинтон за време на комеморацијата за 11 септември во 2016 година никаде не може да се најде. Но, затоа може да се најдат вести дека таа колабирала поради топлото време и влошената здравствена состојба, односно, како што тогаш информирале медиумите, по извршените лекарски прегледи откако се онесвестила ѝ била дијагностицирана пневмонија.

На Хилари Клинтон ѝ се слоши за време на комеморацијата во Њујорк по повод 15-годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година, а видеото од нејзиното неочекувано предвремено заминување покажа дека се свиткува и се сопнува додека влегува во комбето, пишува Вашингтон пост.

Според Вашингтон пост, агентите на тајната служба задолжени за нејзиното обезбедување ѝ помогнале на Клинтон да влезе во комбето. Портпаролот на Клинтон изјавил дека и се слошило поради топлото време и затоа предвреме ја напуштила церемонијата.

Секретарот Клинтон присуствуваше на церемонијата за комеморација на 11-ти септември утринава само еден час и триесет минути за да им оддаде почит и да ги поздрави некои од членовите на семејствата на загинатите. За време на церемонијата, таа почувствува дека ѝ е премногу жешко, па замина во станот на нејзината ќерка и се чувствува многу подобро, ја пренесува Вашингтон пост изјавата на портпаролот Ник Мерил.

Неколку часа подоцна, како што пишува Торонто стар, во јавноста се огласил и лекарот на Клинтон кој открил дека и била дијагностицирана пневмонија.

Таа беше ставена на антибиотици и беше советувана да се одмори и да го измени распоредот. Додека беше на настанот утринава ѝ стана претопло и дехидрираше, напишала д-р Лиза Бардак.

Што се однесува до тврдењето во постот дека Клинтон била обесена во Аљаска, и тоа не е точно. Таа е жива и здрава, а тоа може да се види од интервјуто за Ен-Би-Си кое го дала на 16.09.2022 г. – истиот ден кога е објавен постот, а во кое говорела за враќањето на нејзината Глобалната иницијатива по шестгодишно отсуство.

Од сето погоре наведено, можеме да заклучиме дека постот кој го анализираме е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани и самите кандидати: Кој колку пари донирал за кампањата?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...